Во текот на изминатата 2024 година од Македонија бил извезениблизу 126 илјади тони свеж зеленчук во вредност од 87,5 милиони евра. Остварените приходи од продажба на зеленчук во странство лани бележат пад од 8% во споредба со 2023 година, додека извезените количини се помали за 3,2%.

Увозот на зеленчук, пак, лани достигна 36,3 милиони евра, годишен  раст од 17%. Лани во земјава биле увезени 53 илјади тони свеж зеленчук, за 16% повеќе отколку во изминатата 2023 година.

Ако се анализира извозот на свеж зеленчук, намалување на извозот и вредносно и количински има во речиси сите поголеми групи, кај доматите, зелката, пиперките, компирот, печирките, замрзнатиот зеленчук. Раст се бележи кај извозот на краставици и корнишони

Најголем извозен приход лани е остварен од продажба на зелка, 29, 6 милиони евра, намалување за 1,3% во споредба со претходната година. Следи извозот на пиперки кој лани изнесувал 18,9 милиои евра, пад од 8,7% во споредба со претходната година. Извозот на домати лани изнесувал близу 12 милиони евра, со годишно намалување од 2,4%.

Извозот на краставици и корнишони лани изнесувал 4,5 милиони евра и е зголемен за 15,2% на годипно ниво.

.

Извозот на замрзнат зеленчук лани изнесувал 7,8 милиони евра, со годишен пад од близу 20%. Ако се според со пред 10 години, извозот на зеленчук од Македонија вредносно е зголемен за 33%, а во обем е намален за 11%.
Увозот, пак, бележи постојан раст во изминатите 10 години и е поголем за цели 178% во споредба со 2015 година, додека увезените количини за овој период се зголемиле повеќе од двојно.

На кои пазари најмногу се продавал македонскиот зеленчук?

Анализата на податоците од Државниот завод за статистика покажува дека македонскиот свеж зеленчук лани се извезувал во 38 земји во светот. На 17 пазари е остварен извоз поголем од 1 милион евра. Но, сепак земјите од регионот остануваат најголем пазар.

Најмногу зеленчук лани се продал во Србија и тоа 19, 5 илјади тони во вредност од 14,5 милиони евра. Следат Полска со извоз од 10,2 милиони евра, Хрватска со извоз вреден 9,4 милиони евра, Украина со извоз од 8,5 милиони евра, Италија со извоз од 6,8 милиони евра, Германија со извоз од 5,6 милиони евра, Бугарија со извоз од 5,3 милиони евра, Романија со извоз од 4,1 милион евра. Лани се продавал зеленчук и во Русија, и тоа во вредност од 3,1 милион евра. Косово со извоз вреден 2,7 милиони евра бил десетти најголем извозен пазар за македонскиот зеленчук.