Индустриското производство во август 2025 година е намалено за 3,5% во споредба со истиот месец претходната година.
Во секторот Рударство и вадење на камен, во август 2025 година, во однос на август 2024 година, е забележан пораст од 7,0%. Во секторот Преработувачка индустрија е евидентирано намалување од 1,4%, додека индустриското производство во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи пад од 26,8% во споредба со август 2024 година.
Ако се анализира Преработувачката индустрија, која учествува со над 80% во вкупното индустриско производство, пад е забележан во 13 од вкупно 23 индустриски гранки. Најголем пад на производството е евидентиран кај:
- Производство на фабрикувани метални производи: –30,9%
- Производство на метали: –29,2%
- Производство на текстил: –20,8%
- Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место: –19,3%
- Производство на основни фармацевтски производи: –11,9%
- Производство на мебел: –7,4%
- Производство на прехранбени производи: –6,1%
Најголем раст на индустриското производство во август 2025 година е забележан кај следниве сектори:
Производство на производи од гума и производи од пластични маси (+125%), Производство на тутунски производи (+114,1%), Производство на кожа и слични производи од кожа (+46,5%), Производство на хемикалии и хемиски
производи (+48,5%).
- Производство на производи од гума и производи од пластични маси: + 125%
- Производство на тутунски производи: +114,1%
- Производство на хемикалии и хемиски производи: +48,5%
- Производство на кожа и сродни производи од кожа: +46,5%
Индустриското производство во периодот јануари – август 2025 година е зголемено за 2.2 % во однос на периодот јануари – август 2024 година.