Денес во Владата се одржа работна средба на која присуствуваше претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, претставници од бизнис заедницата и Мохамед Али Рашед Лута претседател и главен извршен директор на Стопанска комора на Дубаи.

На средбата премиерот Мицкоски информираше дека приоритет на Владата е економската стабилизација на земјата, односно како што рече тој да донесеме што е можно повеќе странски, директни инвестиции и секако да ги подржи домашните директни инвеститори.

Прво би сакал да ве информирам дека во текот на изминатите четири квартали, дојдовме до раст на нашиот домашен производ од нас 3%. Оваа Влада беше избрана пред околу 15 месеци и од самиот почеток нашиот најголем приоритет е економската стабилизација на земјата. Би сакале да се претставиме како Влада којашто е ориентирана кон бизнисот, којашто сака да ги поддржува деловните и бизнис можностите. Да донесе што е можно повеќе странски, директни инвестиции и секако да ги подржи домашните директни инвеститори. Резултатот на таквите активности е значителен раст на инвестициите во текот на изминатата втора половина од минатата година и првата половина од оваа година споредено со истиот период во претходните години. Третиот квартал во 2024 дојдовме до 3% раст на БДП, во четвртиот 2024 и првиот квартал од 2025 3,2%, а во вториот квартал дојдовме до 3,4% вистински раст на БДП. Имаме номинален раст од 7,8% што е нешто многу важно за сите нас бидејќи на самиот почеток кога го обликувавме нашиот буџет за оваа фискална година, некои од меѓународните финансиски институции беа мошне загрижени дека нема да можеме да дојдеме до 7,5% на номиналниот БДП. Но, дојдовме и над 7,5%, а тоа за нас е многу важно. Го забрзуваме градежништвото, туризмот, земјоделството, а особено внимание посветуваме на извозот на земјоделски производи коишто се произведени од нашите земјоделци и сметам дека до сега добро ни оди. Ја консолидиравме економијата и создадовме добра бизнис клима. Веќе нема политичари коишто вршат притисок врз бизнисите. Тоа беше мојот прв чекор, да ги ослободам бизнисите од надворешните политички притисоци, истакна Мицкоски.

“Би сакале да се претставиме како Влада којашто е ориентирана кон бизнисот, којашто сака да ги поддржува деловните и бизнис можностите. Да донесе што е можно повеќе странски, директни инвестиции и секако да ги подржи домашните директни инвеститори”, изјави Мицкоски.

Растечката соработка меѓу Дубаи и Северна Македонија ја одразува нашата заедничка амбиција да изградиме отпорни економии и да поттикнеме одржлив развој. Трговијата  меѓу нашите пазари достигна вкупно 495 милиони американски долари во текот на изминатите пет години, нагласувајќи го долгорочниот тренд на позитивен ангажман и растечки можности. Овој моментум се одразува и во растечкото присуство на македонските компании во Дубаи во различни сектори“, изјави Мохамед Али Рашед Лута претседател и главен извршен директор на Стопанска комора на Дубаи

Тој додаде дека Стопанската комора на Дубаи останува посветена на зајакнување на врските меѓу деловните заедници и промовирање на инвестициски текови што ги унапредуваат заеднички приоритети.
“Гледаме значаен потенцијал во ова партнерство и сме решени да осигуриме дека ќе донесе опипливи резултати преку проширена трговија и подлабока соработка за обликување на долгорочен просперитет на двата пазара“, изјави Лута.