Народната банка на Северна Македонија денеска соопшти дека одлучила да ја задржи својата клучна каматна стапка на 5,35%, сметајќи дека моменталната монетарна политика е соодветна за економските услови.

Централната банка, исто така, одлучи да ја задржи каматната стапка за прекуноќните депозити на 3,95% и стапката за седумдневните депозити на 4%, се вели во соопштението за медиумите.

На месечната аукција во среда, ќе понуди и записи на во вредност од 10 милијарди денари (162,2 милиони евра), непроменети во споредба со претходната аукција на 30 јули.
Со ваквата одлука се задржува внимателниот пристап при водењето на монетарната политика, во согласност со економските услови и ризиците коишто произлегуваат од домашното и надворешното окружување.Овој пристап на монетарната политика е поддржан и со неодамнешните промени кај задолжителната резерва, затегнувањето на  макропрудентните мерки во делот на критериумите на кредитната побарувачка, како и со зголемувањето на противцикличниот заштитен слој на капиталот за дополнителни 0,25 процентни поени. Комбинацијата на овие мерки е насочена кон одржување на ценовната стабилност на среден рок и стабилноста на девизниот курс, како и кон заштита од можни идни системски ризици“, велат од Народната банка.


На 11 септември, Извршниот одбор донесе одлука со којашто се зголемува висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложености во земјава во четвртото тримесечје од 2026 година, кога ќе изнесува 2,00%.

Просечната годишна потрошувачка инфлација во Македонија се забави на 4,4% во август, што е намалување од 4,8% во јулии.
Централната банка на Северна Македонија ја намали својата клучна каматна стапка еднаш во 2025 година, во февруари, откако ја намали три пати во 2024 година.