Од 1 септември целосно се укинува системот за контрола на увозот ICS1 и започнува со примена системот за контрола на увозот ICS2, врз основа на одредбите од Царинскиот законик на Европската унија.
Тоа значи дека сите патни и железнички превозници што влегуваат во ЕУ, потребно е да поседуваат целосна влезна збирна декларација (ENS) со детали за стоките што ги внесуваат во Унијата или ги превезуваат преку нејзина територија до крајната дестинација.
Системот ICS2 (Import Control System) има за цел да ја зајакне безбедноста и сигурноста на стоките што влегуваат во ЕУ, преку спроведување на стандардизиран царински процес пред нивното пристигнување на територијата на Унијата.
Со овој систем се опфатени воздушниот, поморскиот, внатрешниот воден транспорт, превозот по патишта и со железница, како и вршителите на поштенски и логистички услуги кои го користат патниот транспорт или железницата.
За усогласување со барањата на ICS2 системот, засегнатите економски оператори неопходно е да поседуваат точни и целосни податоци за своите клиенти, да бидат целосно подготвени и да обезбедат соодветна обука на своите вработени. Пред да се поврзат со ICS2, исто така тие треба успешно да го поминалe тестот за самоусогласеност (достапен на линкот подолу) со што ќе се потврди дека можат да пристапат до царинските служби на земјите членки на Конвенцијата за заеднички транзит и да разменуваат пораки со нив.
Доколку превозниците не ги исполнат барањата на ICS2, стоките што ги превезуваат би можеле да бидат задржани на границите на ЕУ и да не добијат царинско одобрение за понатамошно постапување.
Ваквата мерка се воведува со цел преку проверка на декларацијата ENS, царинските службеници да имаат целосен увид во стоките што се внесуваат во ЕУ и да можат да ги проценат ризиците поврзани со нив. На овој начин се зајакнуваат напорите на ЕУ за спречување и борба против царинските прекршоци и за создавање на побезбедени и посигурени услови за трговија.
Царинската управа на ден 27.02.2025 година на web страната го објави следното известување:
https://www.customs.gov.mk/ns-newsarticle-eu-voveduva-novi-pravila-za-prevoznicite-od-1-april.nspx
Ова известување првенствено се однесува на превозниците чии деловни активности се поврзни со земјите на ЕУ, но и за сите извозници од Македонија. Беа дадени информации за почеток на примена на системот ICS2, како и чекорите кои треба да ги превземат економските оператори за нивна подготовка пред започнување со примена на овој систем. Во тоа известување беше доставен и линк за подетални информации:
Ги повикуваме сите економски оператори (траспортери, извозници) доколку досега не се подготвени и не презеле активности за примена на ICS2 системот – веднаш, а најдоцна до 01 септермври да се подготват за примена на правилата за користење на ICS2.
Сите релеватни податоци и информации за примена на ICS2 се наоѓаат на линкот погоре.
Исто така, ги информираме сите економски оператори кои подготвуваат транзитни декларации со дестинација кон некоја од земјите членки на ЕУ да го применуваат следните информации за пополнување и поднесување на Т1 декларација со порака IE015:
- Сите превозници и ЕО треба да имаат важечки ЕОРИ број од некоја од земјите членки на ЕУ.
- Да се поднесуваат декларации исклучително со безбедносни податоци 0 и 2. Истите системот НКТС 5 ќе ги валидира, додека пак декларациите поднесени со безбедносен код 1 и 3 нема да ги валидира и ќе бидат отфрлени како неправилни.
- Сите превозници треба поединечно да ги поднесуваат ENS во јавната платформа ЕУ за ICS2 на која треба претходно да се регистрираат.
- НКТС 5 ќе ги прима пораките CD050C и CD001C со безбедносни кодови (0, 1, 2, 3) од земји кои се веќе во НКТС фаза 6 – opt in.
Извор: Царинска управа