Околу 100 земји ќе бидат предмет на реципрочна царина од 10%, изјави американскиот секретар за финансии Скот Бесент, додавајќи дека очекува „лавина“ од трговски договори да биде објавена до крајниот рок на 9 јули, кога царините би можеле значително да се зголемат, објави Ројтерс.

Ќе видиме како претседателот сака да се однесува кон земјите што преговараат – дали е задоволен што преговараат со добра намера. Мислам дека околу 100 земји ќе ја добијат минималната царина од 10% и ќе продолжиме оттаму. Затоа очекувам многу активност во наредните денови“, изјави Бесент за телевизијата Блумберг.

Администрацијата на Трамп во моментов води трговски преговори со над десетина партнери, во обид да склучи договори за намалување на царините пред крајниот рок, вклучително и со Индија, Јапонија и Европската Унија.

Во средата, претседателот Доналд Трамп веќе објави договор со Виетнам со кој ќе се намалат американските царини за многу виетнамски стоки на 20 %, од претходно закануваните 46 %. За возврат, многу американски производи ќе влезат во Виетнам без царина.