Во хотелот Александар палас, во организација на претседателот Азески, целиот бизнис тим од Дубаи, бизнисмените од Македонија присутни на средбата и владиниот тим кој ќе учествува на работните средби по повод посетата на делегацијата во земјава, ќе присуствуваат на заедничко неформално дружење под менторство на претседателот на СКСМ.

По работната средба што ќе се одржи во Владата на РСМ на која претседателот на Владата проф. д-р Христијан Мицкоски ќе ја предводи работната средба со претседателот и главен извршен директор на Стопанска комора на Дубаи Мохамед Али Рашед Лута, за целата бизнис делгација од Дубаи, но и за македонските бизнисмени и владиниот тим присутен на формалната средба во зградата на Владата, претседателот на Стопанската Комора, Бранко Азески ќе биде домаќин на неформалното (коктел) дружење во хотелот Александар Палас.

Целта на посетата е да се испитаат можностите за соработка со македонските компании, како и потенциіалот за инвестирање во земјава. Претставниците на Стопанската Комора од Дубаи се заинтересирани за неколку сектори од нашата економија: енергетика, рударство и минерални суровини; земјоделство, шумарство и водостопанство; култура и туризам; дигитална трансформација.