Прехранбениот гигант Danone ја намалува разновидноста на производите кои ги произведува за да ги скрати трошоците на работење, изјави врвен извршен директор за Reuters.

Супермаркетите и производителите на пакувана храна се борат да се изборат со зголемените трошоци, при што производите кои се движат од сурова нафта до хартиена амбалажа стануваат поскапи поради долготрајната транспортната криза поттикната од пандемијата и руската инвазија на Украина.

Зголемената инфлација, исто така, значи дека купувачите го стегаат ременот. Во петокот, Теско предупреди дека Британците купуваат помалку, се префрлаат на поевтини производи со сопствен бренд и почесто купуваат додека се обидуваат да се справат со кризата со трошоците за живот.

Тие фактори го поттикнуваат еден од најголемите светски производители на храна да размисли како ги продава своите најпродавани производи кои се движат од јогуртот Activia, па до водата Evian.
„Инфлацијата е динамика, особено во Европа, на која треба да почнеме да се навикнуваме“, изјавува Ајла Зиз, глобален шеф за продажба на Danone.

Заради тоа компанијата ќе произведува помалку варијации на производите на Danone кога станува збор за вкусовите и големините, што ќе поомгне да се намалат трошоците.

Марија Кастровиехо, виш аналитичар во Рабобанк Рисрч, смета дека мерките имаат смисла за компаниите кои се обидуваат да бидат поефикасни.
Многу компании направија нешто слично на почетокот на пандемијата на Ковид 19.

„Ако треба да направите многу мали серии од различни производи, имате повеќе нарушувања, мора да најдете повеќе состојки“, рече таа.

Danone со овој потег сака да „остане конкурентен“, при што производството и продажбата на помалку видови производи, исто така, ќе му помогне да заштеди и логистички трошоци.