Продажбата на патнички автомобили во Европа се намали за 29% во октомври, што е најлошата продажба забележана за овој месец, бидејќи недостигот на полупроводници го намали производството на автомобили.

Регистрациите во Европската унија, Велика Британија и земјите на Европската асоцијација за слободна трговија беа 798.693, се вели во соопштението на АЦЕА во четвртокот.

Hyundai, Kia, Porsche и Smart имаа зголемување на продажбата и покрај севкупниот пад на пазарот, додека Jaguar и Ford забележаа драстичен пад на продажбите.

Германската групација Volkswagen Group забележа пад на продажбите од 42% во октомври, со што беше надмината како најпродаван европски производител на автомобили од Stellantis, кој имал пад на обемот на продажба од 32%. Stellantis продал 165.866 автомобили во октомври , во споредба со 165.309 на VW Group.

VW Group го стопираше производството во својата главна фабрика во Волфсбург, Германија, која го произведува најпродаваниот компактен хечбек Golf, многу пати оваа година поради недостаток на полупроводници.

„Се снаоѓаме. Се обидуваме да се справиме со тоа“, рече извршниот директор на групацијата Фолксваген Херберт Диес оваа недела на конференција во Берлин. „Се надевам дека го поминуваме најлошото.

Групацијата VW, како и другите производители на автомобили, дава приоритет на своите најпрофитабилни брендови на автомобили заради недостигот на чипови. Заради тоа, брендот Porsche на групацијата ја зголеми продажбата за 13% во октомври.

Меѓу сите брендови на VW Group, Skoda беше најтешко погодена со пад на продажбата за 49%. Продажбата на Audi падна за 46%, додека брендот VW и Seat паднаа за 40%.

Брендовите Stellantis, исто така, имаа голем пад. Продажбата на Alfa Romeo падна за 46%. Jeep и Lancia забележаа пад на продажбата за 36 %; Peugeot и Opel / Vauxhall паднаа за 31 %; Citroen падна за 33%; а Fiat се намали за 32%.

Продажбата на брендот Renault паднаа за 36%, а на Dacia за 23%.

Кај јапонските производители на автомобили, Nissan падна за 29%, а продажбата на брендот Toyota падна за 24%.

Извор: Automotivenews Europe