Трамп најави царини за челик и полупроводнички чипови во наредните недели

САД го проширија списокот на стоки што подлежат на царини од 50% според Член 232 за увоз на челик и алуминиум, со додавање на стотици деривативни производи на списокот на стоки што подлежат на царини.
Во известувањето дадено доцна во петокот, Министерството за трговија соопшти дека Бирото за индустрија и безбедност додава 407 кодови на производи во Хармонизираниот тарифен список на САД, кои ги идентификуваат стоките што ќе бидат опфатени со дополнителни давачки за содржината на челик и алуминиум во тие производи.

На листата на производи што ќе подлежат на царини од 50% се најдоа локомотиви, мотоцикли, приколки за камиони и одредени делови за автомобили, како и бројни апарати за домаќинство, како што се фрижидери, машини за миење садови, шпорети и рерни, машини за перење и микробранови печки.

Содржината што не е од челик и алуминиум ќе биде предмет на царинските стапки што претседателот Доналд Трамп ги воведе за стоките што потекнуваат од одредени земји, се вели во известувањето.

Царините за стоките на проширената листа стапуваат на сила на 18 август.

САД почнаа да наплаќаат 25% царини за увоз на алуминиум и челик во март, врз основа на извршна наредба од претседателот Доналд Трамп, кој подоцна ја зголеми стапката на 50%. Трамп ги воведе царините за да се справи со загриженоста за националната безбедност по истрагата по Член 232 од страна на Министерството за трговија

Трамп најавува нови поголеми царини за увозот на челик и полупроводници

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во петокот изјави дека ќе објави царини од 100% за увоз на челик и полупроводници, но компаниите што ќе се обврзат да го зголемат производството во САД ќе бидат ослободени.
Следната недела ќе поставам царини за челик и, би рекол, за чипови“, изјави Трамп пред новинарите во авионот „Ер Форс Уан“ додека се упатуваше кон средба со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска.
Тој рече дека стапките ќе бидат пониски на почетокот за да им се овозможи на компаниите да изградат домашно производство во САД, а подоцна нагло ќе се зголемат, следејќи го моделот што го наведе и за царините за фармацевтските производи. Тој не даде точни царини.
Ќе има стапка што ќе биде пониска на почетокот – што им дава шанса да дојдат и да градат – и многу висока по одреден временски период“, рече тој.
Трамп рече дека е уверен дека компаниите ќе се одлучат да произведуваат во Соединетите Држави, наместо да се соочат со високи царини.

Трамп ја преврте глобалната трговија со наметнување на нагло повисоки царини за извозот на речиси сите земји во САД, заедно со царини за одредени сектори, како што е автомобилската индустрија.
Трамп во февруари ги зголеми царините за челик и алуминиум на фиксни 25%, но во мај објави дека ќе ја удвои стапката на 50% за да ги поттикне домашните производители.