Царини од 25% за увоз на автомобили ќе им наштетат на производителите на автомобили ширум светот, но и ќе ги зголемат цените за потрошувачите во САД.

Новите царини од 25 % ќе се применуваат за сите увезени патнички автомобили, како и за клучните делови како што се моторите, менувачите и електричните компоненти, покрај сите веќе важечки тарифи. Царините за увоз на автомобили во САД стартуваат на 2 април, а за автомобилски делови еден месец подоцна. Царините за увоз на делови од Канада и Мексико, кои се во согласност со трговскиот договор со Вашингтон, нема да стапат на сила додека САД не воспостават процес за наплата на тие давачки.

Околу 45% од возилата што се продаваат во САД се увезени, а најголем процент доаѓаат од Мексико и Канада, додека секое возило за моделската година од 2025 година добива најмалку 20% од својата содржина од други земји освен САД и Канада,

Новите царини најмногу ги погодува германските компании, со оглед дека Германија е извозна земја со голема база за производство на автомобили и автоделови. Погодени ќе бидат производителите на автомобили од Јужна Кореја, Јапонија, Јужна Кореја, Канада, Мексико, но, погодени ќе бидат и американските производители, бидејќи тие често произведуваат во Канада или Мексико, но исто така и увезуваат автомобилски делови за производството на возила во САД. Крајната цел на Трамп е да ги натера производителите на автомобили сите автомобили кои ги продаваат на големиот американски пазар да бидат произведени во САД. Но, дури и да се има волја , тоа не може да се случи преку ноќ.  Дотогаш е извесно дека царините од 25% ќе ги зголемат цените на автомобилите за американските потрошувачи, но ќе ги зголематр и трошоците за производство на автомобилските компании.

Увозните давачки за автомобили во САД се 2,5%. Во ЕУ, автомобилите од САД подлежат на 10%. Во моментов, значително помалку автомобили се извезуваат од САД во Европа отколку обратно. Според податоците на Меѓународната трговска администрација, минатата година во САД биле продадени 784.889 европски возила. 446.566 од овие возила потекнуваат од Германија, што ја прави Германија убедливо најважната европска производствена локација. Спротивно на тоа, 217.230 автомобили биле увезени од САД во Европа.

Кои се најголемите губитници?

Најмногу погодени ќе бидат странските автомобилски компании кои во голема мера се потпираат на увоз на возила, односно оние кои најголем дел од продажбите во САД им се увезени автомобили. Најмалку погодени, пак, ќе бидат оние компании кои возилата кои ги продаваат на американскиот пазари ги произведуваат во САД.
Меѓу многуте губитници излегува еден победник – Тесла на чело со милијардерот Илон Маск, пишува Блумберг.

“Производителот на електрични возила управува со големи фабрики во Калифорнија и Тексас кои ги произведуваат сите автомобили што ги продава во САД, дополнително изолирајќи го од новите царини на Трамп за увезените автомобили и клучните компоненти”, пишува Bloomberg.



Според истражувањето на Wards Automotive и Barclays, Volvo (13%), Mazda (19%) и Volkswagen (21%) имаат најнизок удел од нивните продадени возила во САД во оваа земја. Hyundai-Kia (33%), Mercedes (43%), BMW (48%) и Toyota (48%), исто така, произведуваат помалку од половина од нивните возила продадени во САД овде.

VOLKSWAGEN

Во 2024 година, VW продал 379.178 возила во САД. Од нив, речиси 80% биле увезени. Најголемиот европски производител на автомобили има фабрика во Тенеси, каде што SUV моделите Atlas и електричниот ID.4 излегуваат од производната линија. Сите други модели се увезени, пред се од Мексико. Според VW, фабриката во Пуебла е најголемата фабрика за автомобили во Мексико и една од најголемите во групацијата. Во 2023 година во оваа фабрика биле произведени речиси 350.000 автомобили, сите за извоз во САД. Во Канада, Volkswagen гради гигафабрика за батерии со производство што ќе започне до 2027 година.

HYNDAI

Јужнокорејскиот Hyundai најверојатно ќе биде меѓу најтешко погодените. Иако производителот на автомобили и неговата единица Киа имаат фабрики во Алабама и Џорџија – и најавија план за проширување од 21 милијарда долари во САД претходно оваа недела – групата увезла повеќе од 1 милион возила во САД минатата година, што претставува речиси 60% од нејзината продажба во земјата, според Глобал дата. Трошоците за новите царини за Hyundai и Kia се проценува  да бидат во висина од околу 40% од комбинираниот оперативен профит што двете марки ќе го генерираат во 2024 година

Hyundai „останува посветен на долгорочниот раст на американската автомобилска индустрија преку локализирано производство и иновации“, соопшти компанијата, истакнувајќи дека има 570.000 вработени во САД.

MERCEDES-BENZ

Од вкупната продажба на автомобили од брендот Mercedes речиси половина се од увоз, што ја прави компанијата со седиште во Штутгарт, Германија една од најпогодените. управува со голема фабрика во Тускалуса, Алабама, каде што речиси 300.000 возила излегле од производствената линија во 2023 година, вклучувајќи ги и SUV моделите GLE и GLS, како и електричните теренци EQS и EQE. Околу две третини од годишното производство се извезува. Mercedes продал вкупно 324.528 возила во САД минатата година.

AUDI

Подружницата на Volkswagen нема сопствен производствен капацитет во САД, но ги увезува своите возила од Мексико и Европа. Во 2024 година, Ауди продаla речиси 200.000 возила во САД, вклучително и скоро 57.000 Q5 SUV. Компанијата со седиште во Инголштад размислува за основање сопствен производствен капацитет во САД. Одлука за ова се очекува оваа година.

BMW

Производителот на автомобили со седиште во Минхен управува со својата најголема фабрика во светот во Спартанбург, Јужна Каролина. Фабриката, со приближно 11.000 вработени и годишно производство од околу 400.000 автомобили, е специјализирана за големи возила. Моделите како што се X3, X5 и X7 се склопуваат  таму. Приближно половина од производството на BMW останува во САД, додека остатокот се извезува. Седаните сепак се увезуваат во САД. Севкупно, BMW продала речиси 400.000 BMW и Mini возила во САД во 2024 година. Извршниот директор на BMW, Оливер Зипсе неодамна се заложи за пониски увозни царини на американските автомобили во ЕУ.

PORSCHE

Производителот на спортски автомобили продал 76.167 возила во САД во 2024 година, сите од европско производство. Подружницата на VW нема сопствени производствени капацитети во САД.

STELLANTIS

Француско-италијанско-американската групација работи со две фабрики за склопување во Мексико, но поседува и две монтажни фабрики во Онтарио, Канада.

TOYOTA MOTOR

И покрај тоа што има четири фабрики за склопување во Кентаки, Индијана, Мисисипи и Тексас, плус фабрики за мотори во Западна Вирџинија и Алабама, Toyota Motor, најголемиот светски производител на автомобили, увезува околу половина од автомобилите што ги продава во САД. Од Toyota изјавија дека нивната активност во Мексико е во целосна согласност со Договоро за слободна трговија меѓу САД и Мексико.

Кои американските производители на автомобили ќе бидат погодени?


FORD

Ford првенствено увезуваат автомобили од Мексико, каде има три фабрики. Според мексиканската индустриска асоцијација АМИА, Ford извезол речиси 196.000 автомобили од Мексико во Северна Америка во првата половина на 2024 година, а 90% од овие возила одат во СAД. Но, сепак, Ford може помалку да биде погоден од некои конкуренти бидејќи околу 80% од автомобилите што компанијата ги продава во САД се произведени во земјата.

GENERAL MOTORS

General Motors увезол приближно 750.000 возила од Канада или Мексико во САД во 2024 година. Повеќето од нив се произведени во Мексико. Тука спаѓаат некои од најпопуларните возила на GM, вклучувајќи ги Chevy Silverado, пикапот GMC Sierra и теренците од средна големина. GM управува со три фабрики во Канада.

Фото: Freepik