Шпаркасе Банка му одобри на Макпрогрес 2.500.000 евра од кредитната линија од ЕБОР – RSF со цел поддршка на ликвидноста и обртните средства на компанијата.

Преку оваа соработка со Шпаркасе Банка, Макпрогрес добива и пристап до врвни консултантски услуги од експерти на ЕБОР во областа на производствените процеси, логистиката, опремата и други сегменти клучни за нивниот развој.

Свесни сме за тежината на предизвикот со кој се соочува Макпрогес во моментов, но во такви ситуации ги потсетуваме нашите клиенти дека всушност ние сме партнери од доверба. Партнери со кои стоиме рамо до рамо и во најтешките околности, затоа што вистинското партнерство се докажува токму тогаш“, велат од Шпаркасе банка.

Компанијата Makprogres Group, кој е најголем извозник на храна од Македонија, минатата недела се соочи со голем пожар кој предизвика прекин на работењето и голема штета и загуби.
Макпрогрес е повеќе од една деценија клиент и пријател на Шпаркасе Банка.

Веруваме дека со заемна доверба и соработка, заедно ќе го надминеме секој предизвик и ќе продолжиме по патот на одржлив раст“, потенцираат од Банката.