Шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева говорејќи на веб-конференција во организација на „Фајненшал тајмс“ од Лондон, изјави дека најновите економски податоци што доаѓаат од многу земји погодени од коронавирусот се полоши од песимистички проекции на ММФ.
Заради тоа, најави Георгиева, многу е веројатно во јуни да се ажурираат нивните проекции.

Според Георгиев, многу е веројатно ММФ да ја намали прогнозата по вторпат годинава, затоа што пандемијата од коронавирусот се одрази на многу економии, повеќе од што претходно беше предвидено.


Поврзани вести

>>> ММФ очекува пад на македонскиот извоз од 5,5% годинава и раст од 13,5% следната година

>>> ММФ: Сега е време за големи јавни инвестиции


 

Во јануари, пред повеќето земји да започнат со воведување на мерките во обид да го забават ширењето на коронавирусот, ММФ предвиде глобалниот економски раст во текот на 2020 година да биде околу 3,3%, што претставува зголемување во споредба од 2019 година, кога растот беше 2,9%, а растот за 2021 година се предвидуваше да биде 3,4%.

Во април, експертите на ММФ ги корегираа предвидувањата, а во проценките почнаа да го вклучуваат и влијанието на коронавирусот врз економијата.
Па новата прогноза беше дека глобалната економија во 2020 година ќе има пад за 3%.