Земјите ширум светот треба да ја искористат пандемија на коронавирус, како можност да инвестираат во јавната инфраструктура и други проекти користејќи ги предностите на ниските каматни стапки, се вели во најновиот Извештајот Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за улогата на фискалната политика во пост-ковид периодот.

Земјите исто така треба да ги зајакнат надоместоците за невработеноста и социјална заштита со цел да го поттикнат економскиот раст откако вирусот ќе се стави под контрола, се вели во Изваштајот.

„Пандемијата на Ковид 19 ја поттикна потребата за акција на фискална политика и ја зголеми нејзината итност. Ниските каматни стапки претставуваат можност за квалитетни јавни инвестиции ширум светот да се зајакне растот“, сметаат од ММФ.

Минатиот месец ММФ прогнозираше дека глобалната економија ќе се намали за 3% во 2020 година, како резултат на пандемијата, но предупреди дека нејзините прогнози се обележани со „екстремна неизвесност“ и дека резултатите би можеле да бидат далеку полоши.

Посочувајќи ги начини на кои државите треба генерално да се справат со падовите во време на послаб економски раст, ММФ соопшти дека е императив да се инвестира во здравствените системи, инфраструктура, технологии со ниско ниво на јаглерод, образование и истражување за да се подобри растот на продуктивноста, која претежно има намален тренд.

Забележувајќи дека умереноста во акумулацијата на капитал во текот на изминатата деценија го забави економскиот раст, економистите на ММФ велат дека модернизацијата на застарената инфраструктура во напредните економии и решавање на потребите на инфраструктурата и другите цели за одржлив развој во земјите во развој се исто така клучни и сега треба да се даде приоритет.

Централните банки и носителите на политики на глобално ниво презедоа невидени активности за да се обидат да ги ублажат последиците од економската штета направена од корона вирусот и мерките за спречување на неговото ширење.

Невработеноста нагло се зголеми во многу земји. Во САД Конгресот веќе издвои скоро 3 трилиони долари за да им помогне на деловните субјекти и поединците. Други пакети за помош ги собраа владите ширум светот, но акцентот главно беше ставен на непосредната потреба да се насочат пари во џебовите на луѓето, а не на големите јавни инвестиции.

Економистите на ММФ забележуваат дека ваквите инвестициски трошења за време на претходните падови доаѓале премногу доцна и не биле добро таргетирани, додавајќи дека тие можат да имаат ефект на поттикнување на приватната потрошувачка и инвестиции преку поголеми очекувања за инфлација и пониски реални камати.