На 14 и 15 септември Брако преку својот бренд на возила за одржување на хигиена во урбани средини, „Грин Машинс“ ќе биде дел од RWM & Letsrecycle Live, водечкиот настан во Велика Британија на кој што учествуваат врвни компании и професионалци од сферата на управување со отпад, ресурси и одржливост.
На штандот во Националниот изложбен центар во Бирмингам „Грин Машинс“ ќе ги презентираат иновативните и револуционерни возила и машини за одржување на хигиена во урбани средини, GM400ze, GM500ze и GM1ze.
Настанот ќе биде уникатна можност посетителите да добијат повеќе информации за сите возила од портфолиото на производи на Грин Машинс, нивните перформанси и спецификации.
Инаку, со повеќе од 550 изложувачи и повеќе од 12 илјади посетители речиси секоја година, RWM & Letsrecycle Live преставува платформа преку која што се забрзува транзицијата кон подобра и еколошки почиста планета преку искористување на нашите природни ресурси, што силно се надоврзува на визијата и мисијата на „Брако“ и „Грин Машинс“ за почиста и поздрава животна средина.