Европската комисија во вторникот препорача ЕУ да ги намали нето емисиите на стакленички гасови за 90% до 2040 година, амбициозна цел што ќе ја тестира политичката волја за борбата на регионот против климатските промени пред изборите во ЕУ.

Климатската агенда на Европа влегува во тешка фаза бидејќи почнува да ги допира чувствителните сектори, како што е земјоделството, додека во исто време традиционалните индустрии се соочуваат со жестока зелена технолошка конкуренција од Кина.
Извршната власт на ЕУ исто така одлучи да ги олабави дел од препораките кои се однесуваат на земјоделството, како одговор на неколкунеделните протести на фармерите кои се бесни заради растечките трошоци и зелените правила на ЕУ.
Претходниот нацрт на ЕУ предвидуваше дека земјоделството ќе треба да ги намали емисиите на јаглерод диоксид за 30% до 2040 година од нивоата од 2015 година за да се усогласи со севкупната климатска цел. Тоа е сега отстрането од конечниот нацрт.

„Треба да се погрижиме да имаме избалансиран пристап“, рече европскиот комесар Вопке Хоекстра пред Европскиот парламент објавувајќи го откри предлогот.
„Огромното мнозинство од нашите граѓани ги гледаат ефектите од климатските промени, сакаат заштита, но исто така се загрижени за тоа што имплицира за нивната егзистенција.

Судбината на новиот предлог сепак ќе зависи од новата Комисија и Парламентот на ЕУ, формирани по изборите за Европскиот парламент кои ќе се одржат во јуни годинава.

Анкетите покажуваат дека изборите во јуни би можеле да донесат голема промена надесно во Парламентот на ЕУ, што би можело да го отежне донесувањето амбициозни климатски политики.

Избори во ЕУ

Очигледната отстапка за земјоделците не задоволи многу десничарски членови на парламентот на ЕУ кои рекоа дека зелените цели на Комисијата ќе го ограничат начинот на живот и економијата.
„Фармерите се бунтуваат во Европа, а Европската комисија излегува со понатамошни нереални амбиции“, рече Александр Вондра, од евроскептичната група на европски конзервативци и реформисти, критикувајќи го, како што рече, настојувањето „да се принудат луѓето да имаат поинаков начин на живот“.

Силвија Лимер, европратеничка од германската екстремно десничарска Алтернатива за Германија (AfD) ги критикуваше лидерите на ЕУ дека се „глупаво среќни“ поради намалувањето на емисиите на CO2, додавајќи дека зелените политики се одговорни за, како што таа го нарече, големиот економски колапс.

Од друга страна, европратеничката од Левата група Силвија Мордиг рече дека и земјоделството треба да вложи напори. „Не правете ја … грешката да не зборувате за земјоделството, тоа не го решава проблемот“, рече европратеникот на Зелените Бас Ајкхоут.

Во својот предлог, Комисијата рече дека ЕУ треба да постави цел на целата економија до 2040 година за 90% нето намалување на стакленички гасови во споредба со нивоата од 1990 година.
Планот на ЕУ се фокусираше на градење предност во европските индустрии за чиста технологија и одржување на јавната поддршка за климатската политика додека ЕУ оди на избори.
Целта е да се задржат земјите од Европската унија на вистинскиот пат помеѓу постојната климатска цел на ЕУ за 2030 година и нејзината долгорочна цел за постигнување нето-нула емисии до 2050 година.

Целта за 2040 година ќе го трансформира енергетскиот микс на Европа, со постепено укинување на енергијата на јаглен, а вкупната употреба на фосилни горива ќе биде намалена за 80% и заменета со обновлива и нуклеарна енергија.
Нацртот, исто така, ги изложи трошоците за неуспехот да се справи со климатските промени, во форма на повеќе деструктивни екстремни временски услови што може да значи дополнителни трошоци од 2,4 трилиони евра во ЕУ до 2050 година, доколку глобалното затоплување не биде ограничено на 1,5 степени целзиусови над прединдустриското нивоа.

ЕУ ги намали своите емисии на стакленички гасови за 33% во 2022 година, во однос на нивото од 1990 година.

Извор: Reuters
Фото: Freepik