Парламентот на Европската унија го одобри законодавството за оданочување на увозот врз основа на емитирани гасови со ефект на стаклена градина, со што се отстранува последната пречка пред планот да стане закон и за првпат да ја запише климатската регулатива во правилата на глобалната трговија.
Гласањето во текот на вчерашниот ден доаѓа по речиси двегодишните преговори за данокот на увоз, кој има за цел да ги поттикне економиите ширум светот да постават цена за емисиите на јаглерод-диоксид додека ги штитат производителите на ЕУ од земјите кои не ги регулираат емисиите толку строго или воопшто.
Данокот им дава кредит на земјите кои го ценат јаглеродот, дозволувајќи им на увозниците на стоки од тие земји да ги одбијат плаќањата направени за прекуокеанските емисии од износот што се должи на границите на ЕУ.
Данокот предизвика загриженост во сите земји кои извезуваат во ЕУ, особено од страна на државите каде што производителите имаат тенденција да испуштаат повеќе јаглерод диоксид од нивните конкуренти во Европа и повеќе се потпираат на електрична енергија од јаглен, меѓу кои спаѓа и Македонија.
Новиот данок на ЕУ се очекува да биде посебно голем товар за увозниците на челик од Азија, Кина, Индија, но и од САД кои користат поевтини енергенси за производство во споредеба со европските без да плаќаат за емисииите на јаглерод.
Овој потег од Европскиот парламент веќе создава притисок кај владите и пратениците во другите земји веќе за да го следат примерот. Обединетото Кралство дебатира дали да се воведе граничен данок на јаглерод, додека демократите во Конгресот во САД предложија создавање таков закон.
Производителите на многу различни стоки се погласно тврдат дека е тешко да се натпреваруваат со евтини, увезени производи кои носат повисоки еколошки отпечатоци.
Законодавството на ЕУ најпрво ќе го опфати увозот на железо, челик, алуминиум, цемент, ѓубрива, електрична енергија и водород.
Компаниите ќе мора да започнат со известување за емисиите на нивните увезени стоки почнувајќи од октомври, вклучувајќи ги и индиректните емисии ослободени од производството на електрична енергија што ги напојува фабриките во странство.
Увозниците ќе треба да почнат да го плаќаат данокот во 2026 година. Тој датум се совпаѓа со постепеното укинување на бесплатните надоместоци што им се даваат на европските производители според системот за тргување со емисии на блокот. Законодавството, исто така, одобрено во вторник, поставува распоред за целосно укинување на бесплатните надоместоци помеѓу 2026 и 2034 година.
Во тој период, увозниците ќе плаќаат само за делот од емисиите што европските производители не го добиваат. Таа мерка има за цел да ги третира еднакво домашните и странските производители, што е клучно за аргументите на Европа дека нејзиниот граничен данок не ги прекршува правилата на Светската трговска организација кои ја ограничуваат дискриминацијата на странските фирми.
Цената по тон емисии на јаглерод-диоксид за увоз ќе биде иста како цената за системот за тргување со емисии на ЕУ, кој ги покрива електраните и производителите во повеќето сектори.
Цената за додаток на јаглерод во ЕУ е околу 90 евра за метрички тон, што е еквивалентно на 98,37 долари, и значително се зголеми откако ЕУ предложи да ги заостри своите климатски регулативи во 2021 година.
Законодавството бара увозниците да бидат овластени од европските влади и вклучени во централизиран регистар на ЕУ.
Компаниите, пак, се соочени со сложена задача да ги утврдат гасовите кои предизвикуваат ефект на стаклена градина што се испуштаат за да ги направат стоките што ги увезуваат.