Претседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Сума Чакрабарти, на во видео конференциски повик со премиерот Оливер Спасовски и министрите Нина Ангеловска и Крешник Бектеши, најави дека Банката ќе ја поддржи Македонија со 250 милиони евра наменети за поддршка на финансискиот и енергетскиот сектор, малите и средни претпријатија, но и големите компании.
Чакрабарти најавил дека ЕБОР ќе го активира „Пакетот солидарност“ за справување со економските последици од пандемијата КОВИД-19, а значителна поддршка ќе биде ориентирана кон земјите на Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија.
Од Владата соопштуваат дека дел од оваа поддршка ќе биде насочена и кон инфраструктури проекти, кои во наредниот период треба да се финализираат во тесна соработка со ЕБОР.
Чакрабарти изразил задоволство како македонските власти се справуваат со пандемијата на Ковид-19, како и од преземените мерки за намалување на последиците и истакнал дека ЕБОР останува посветена на поддршката на Македонија во процесот на преговори со ЕУ, а и во најкус период ќе биде потпишан меморандум за соработка за оваа сфера.