Македонските извозни комапнии во септември годинава продале стоки на странските пазари во вредност од 671 милион евра, што е пад од 9% во споредба со извозот старен истиот месец минатата 2023 година.
Обемот на извезени стоки, пак, во септември е намален за 1,6% во споредба спо истиот месец лани, што упатува дека падот на извозот во поголем дел се должи на намалените цени.
Во периодот јануари-септември годинава од земјава биле извезени стоки вредни 5,86 милијарди евра, за 5,6 % помалку во споредба со истиот период лани. Вкупниот обем на извзени стоки во првите девет месеци е речиси ист како и минатата година, односно има благо намалување за 0,5%. Податоците покажуваат дека има пад и на страната на увозот. Во септември годинава биле увезени стоки вредни 863 милиони еврa, што е намалување за 9% во споредба со вредноста на увозот во истиот месец лани. Обемот на увезени стоки, пак, во септември бил помал за 9,6% во споредба со увезените стоки во септември лани. Увозот во првите девет месеци, пак, изнесувал 8,2 милијарди евра, што е пад од 0,5% во споредба со истиот период лани.
Трговскиот дефицит во првите девет месеци годинава достигна вредност од 2,3 милијарда евра, што е зголемување за 17% 0% во споредба со истиот период лани. милијарди евра. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – септември годинава, изнесува 71,4 %.
Намалувањето на извозот во Германија продолжува и во септември, што го влече целиот извоз на државата надолу со оглед дека дури 40% од целиот извоз е насочен кон Германија која се соочува со економско забавување и рецесија. Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември годинава во Германија биле извезени стоки во вредност од 245 милион евра, што е намалување за 25% во споредба со истиот месец лани кога извозот изнесувал 328 милиони евра. Обемот на извезени стоки, пак, во Германија истиот месец бележи пад од 15,1%. Со тоа, вкупниот извоз во Германија за периодот јануари-септември достигна 2,4 милијарди евра и е за 13,71% или за 380 милиони евра помал во споредба со истиот период лани. Извозот во Германија учествувал со 41% во вкупниот извоз на земјата остварен во периодот од јануари до септември годинава.
Ако се анализираат 10-те најголеми извозни пазари за септември, пад на извозот освен во Германија има единствено кај извозот во Косово (-12%) и Унгарија (-4,7%).
Извозот во август бележи раст во Србија (68%), Бугарија (16,5%), Грција (13,1%), Чешка (36,6%), Словачка (1,1%), Италија (18,4%) и Шпанија (3,9%). Во земјите од ЕУ во периодот од јануари до септември годинава биле извезени стоки во вредност од 4,6 милијарди евра, што е 78% од вкупниот извоз и тој бил помал за 7,7% во споредба со истиот период лани. Извозот пак во земјите од Западен Балкан во истиот период пораснал за 7,6%, надминувајќи вредност од 821 милион евра.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на машини и транспортни уреди 1,7 милијарди евра, кој бележи раст од 6,3%, додека извозот на хемиски производи изнесувал 1,68 милијарди евра и бил помал за 19,3% во споредба со истиот период лани.
Извозот на храна во првите девет месеци годинава изнесувал 398 милиони евра, раст од 11,5% во споредба со истиот период лани. Увозот, пак, на храна во истиот период достигна 770 милиони евра, што е за 9,9% повеќе во споредба со истиот период лани. Покриеноста на увозот со извозот на храна изнесува само 51%.