Пандемиската 2020 година македонската економија ја заврши со пад на извозот од 10% и исто толкав пад од 10% на увозот. Во споредба со април и мај кога извозот во првите послепандемиски месеци забележа пад од 60%, односно 39,3%, изминатата 2020 година завршувасо помал пад од очекуваното, што се должи на растот на извозот во поседните петмесеци од изминатата година.
Според податоците од Државниот завод за статитсика изминатата 2020 година извозот на стоки од С.Македонија достигна 5,77 милијарди евра, што е за 10% или за 643 милиони евра помалку во споредба со претходната 2019 година.
Од вкупниот извоз лани, 2,58 милијарди евра или 44% е извоз кој го направиле компаниите кои работат во индустриските зони. Извозот од зоните лани забележал помал пад од извозот на ниво на држава од 8%.
Увозот, пак, минатата година исто така е намален за 10% и достигна вредност од 7,6 милијарди евра.
Од вкупниот извоз направен во 2020 година, 2,2 милијарди долари или 28,7 % го направиле компаниите во индустриските зони. Увозот на компаниите од зоните лани, пак, имал поголем пад од 14%.
Покриеноста на увозот со извозот во 2020 година изнесувала 76,1%. При тоа, трговскиот дефицит изминатата година се намали на 1,8 милијарди евра, што е намалување од трговскиот дефицит во 2019 година кога тој изнесува 2 милијарди евра.
Извозот во декември со раст од 8,2%
Ако се анализира само последниот месец во 2020 година, декември, извозот бележи раст од 8,2% и достигна 545 милиони евра. Декември е петти месец како македонскиот извоз бележи раст, што укажува дека извозната актвност полека почна да се опоравува во втората половина годинава.
Увозот, пак, во декември изнесувал 792 милиони евра, што е раст од 1,4% во споредба со истиот месец претгодната година, со што покриеноста на увозот со извозот достигна 68,8%.
Извозот на храна со најмал пад
Анализирано по сектори, податоците покажуваат дека извозот во 2020 година во сите сектори е помал во споредба со истиот период лани. Најмал пад има кај извозот на метали (-0,2%) и извозот на храна (-1,1%)
Најголем пад од дури 37,9% има кај извозот на нафтени деривати, кое се должи на намалената потрошувачка за време на карантиите, но и на намалената цена на нафтата на светските берзи.
Извозот на компаниите од автомобилската индустрија иако почнува да заздравува во втората половина годинава, се уште е помал во споредба со 2019 година
Така извозот на хемиски производи, каде влегува пред се извозот на катализаторите на Џонсон Мети е помал за 11,7% во споредба со 2019 година.
Извозот на машини и транспортни уреди лани, каде исто така доминира производството на автомобилски делови, е помал за 12,2% во споредба со истиот период од 2019 година.
Најголем пад кај извозот во Европската унија
Ако се анализира по региони, најголем дел од извозот во 2020 година или 77,5% од вкупниот извоз бил насочен кон земјите од ЕУ, каде се продадени производи вредни 4,48 милијарди евра, што е за 11,6 % или 562 милиони евра помалку производи воспоредба со претпандемиската 2019 година.
Увозот од ЕУ во истиот период е намален за 778 милиони евра или за 18,1% .
Во земјите од Западен Балакн во 2020 годинава биле извезени производи во вредност од 636 милиони евра. Тоа е за 97 милиони евра помалку или пад од 13,3% во споредба со истиот период лани.
Извозот во Азискиот регион, главно во Кина, во 2020 година изнезувал 150 милиони евра и е за 3,5% помал во споредба со претходната 2019 година.