Овој интересен видео-график сликовито ги покажува големите трансформации на полето на меѓународната трговија, но и развојот и напредокот на Кина.
Во изминатите дваесетина година се случија многу големи трансформации во меѓународната трговија, не само во поглед на големината и структурата, туку и во поглед на земјите кои ја вршат таа трговија.
Во 2018 година учеството на трговијата учествуваше со 59% во светскиот БДП, што е за 1,5 пат повеќе во споредба со учеството од 1980 година.
Можеби за некого ќе биде изненадување, но Кина веќе ги надминаа САД како светски најголем извозник.
Долги години најголем најголем извозник во светот беа Соединетите Американски Држави. Пред 2000 година дури 80% од земјите во светот повеќе тргуваа со САД, отколку со Кина. Но, во 2018 година тој процент се намали на само 30%, откако Кина стана најголем трговски партнер на 128 од 190 земји.
Кина за првпат се појавува меѓу најголемите 15 извозници во светот во 1995 година и оттогаш нејзиниот извоз незапирливо расте се до 2013 година кога за првпат ги надминуваат САД според вредноста на извозот.
Американците кратко го преземаат лидерството во 2017 година, но Кина брзо се враќа на лидерската позиција како најголем извозник во светот. Последниве две -три години Кина останува недопирлива на врвот на листата најголеми извозници.
Дали трговската војна помеѓу двата најголеми трговски титани САд и Кина ќе донесе промена во врвот, ќе треба да почекаме од тоа дали и како овој конфликт ќе заврши.
Но, реалноста покажува дека влијанието на Кина станува се поголемо, посебно после лансирањето на мега проектот Еден појас, еден пат (One belt, one rooad), која има за цел до 2049 година Кина да инвестира стотици милијарди долари во изградба на инфраструтура за поврзување на кинескиот пазар со Европа и Африка.
Само во 2019 година во рамки на овој проект биле потпишани проекти за изградба на инфаструктурни проекти во повеќе земји во вредност од 128 милијарди долари.
Се чини дека новите инфаструктурни мрежи веќе ја трансформираат глобалната трговија, но можеби и ја “цементираат” позицијата на Кина како светски број 1 трговски партнер, односно како најголем увозник и извозник во светот.