Изградбата на долгоочекуваниот прекуграничен железнички мост меѓу Русија и Кина ќе биде завршен до крајот на следната 2020 година.
Мостот кој е долг 2.209 метри ги поврзува далечниот исток на Русија и најсеверната кинеска провинција Хеилонгјанг и се очекува да донесе голем раст во меѓусебната трговија.
Проектот има за цел да развие меѓународен коридор што ја поврзува северо-источната железничка мрежа на Кина со сибирската железничка мрежа во Русија, вели Ли Хуахао, главен инженер на прекуграничната железничка линија.
Договорот за овој амбициозен градежен проект вреден 300 милиони долари е склучен во 2013 година, после 28 години преговори помеѓу Кина и Русија, а работите официјално започнаа во 2016 година.