Извозот е многу важен за една економија, од причина што носи дополнителни девизни приливи, обезбедува поголем економски раст, поголеми и помоќни компании, поголемо богатство за државата и подобар животен стандард за населението.
Посебно за мали земји, извозот е единствениот начин преку кој може растат и да го надминат ограничувањето на малиот домашен пазар, преку продажба на домашно произведените производи во светот.
Секако тоа подразбира да се произведуваат производи и услови кои ќе бидат конкурентни по цена и квалитет на отворен пазар, каде конкуренција е буквално целиот свет.
Во табелата се податоци за извоз на земјите кои ни се соседи и земјите со кои Македонија до пред три децении беше во економска и политичка заедница.
Според податоците во табелата, најголем извоз од 45,6 милијарди долари лани имала Словенија. Словенија, која има околу два милиони жители и територија приближно исто колку и Македонија, успеав да продаде во странство дури 77,3% од она што ќе го произведе економијата. Или лани била 53-ти најголем извозник во светот.
Големината на извозот како учество во БДП е еден од индикаторите кои покажуваат колку е една држава е конкурентна и успешна во извозот.
Словенија има повеќе од шест пати поголем извоз од Македонија, чиј извоз лани достигна 7,1 милијарда долари или 53,8% од БДП, според што е на 98 место на листата најголеми извозници во светот.
Малата Словенија успева да извезе во странство дури повеќе и од Грција, чиј извоз гледано како учество во БДП изнесува само 17%, или 37,8 милијарди долари.
Уште еден показател кој укажува на успешноста на словенечкиот извоз е структурата на извозот. Додека на врвот на листата на најголеми извозници се Ревоз кој произведува автомобили, фармацевтските компании Крка и Лек, Горење кои произедуваат готови производи, на листата на најголеми извоници во Македонија се Џонсон Мети, Кромбер и Шуберт, ИГМ, Саса, кои извезуваат полупроизводи или суровини, освен Алкалоид кој е единствената голема и домашна извозна компанија која извезува готови производи со повисока додадена вредност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
>>> Кои се 10-те најголеми извозници во Словенија?
>>> Во што е тајната на словенечкиот извоз?