Кои се 10-те најголеми извозници во Словенија?

Ревоз, словенечката подружница на францускиот производител на автомобили „Рено“ продолжува да биде на врвот на најголемите извозници на Словенија, а по него ледуваат фармацевтските компании Лек и Крка, и производителот на апарати за домаќинства Горење. Ова се единствените четири компании чиј извоз надминува милијарда евра во 2019 година покажува рангирањето кое го објави словенечкиот весник Дело.

Автомобилската компанија Ревоз во 2019 година имала извоз од 1,77 милијарди евра. Втор најголем извозним во Словенија е фармацевтската компанија Лек со извоз од 1,48 милијарди евра. Фармецвтската компанија Крка е трет најголем извозник со извоз вреден 1,4 милијарди евра во 2019 година.
Производителот на апарати за домаќинство Горење во 2019 година имал извоз од 1,12 милијарди евра., покажува списокот што го објави Дело во понеделникот.

Во групата на 10-те најголеми извозници влегуваат и производителот на алуминиум „Импол“, челичната група СИЈ, индустрискиот конгломерат Колектор, производителот на уреди за домаќинства BSH Апарати за домаќинство, леарницата LTH Castings и производителот на алуминиум „Талум“.

Севкупниот извоз на стоки на СЛовенија во 2019 година достигна 33,5 милијарди евра. Трговијата продолжи да расте и во јануари и фавруари, но пандемијата на коронавирус веројатно ќе доведе до остар пад во март и април.

Најголемите словенечки извозници во периодот се најмногу преокупирани со ублажување на штетата, бидејќи заради пандемијата синџирите на снабдување се прекинати и целата индустрија е забаване

„Дефинитивно не очекуваме повторување на резултатите од претходните години, но опстанокот на компанијата не треба да биде загрозен“, вели Јани Јуркошек, генерален директор на СИЈ, за „Дело“.

Среќко Стефаниќ, директор на хемиската компанија Меламин вели дека „не може да се надеваат на пресврт на трендот пред есента, додека закрепнувањето и враќањето на она што е веќе постигнато може да трае една или две години“.