Кредитот до €15 милиони од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за ПроКредит Банка C.Македонија (ПКБМ) ќе им помогне на локалните микро, мали и средни претпријатија (ММСП) во Северна Македонија во справување со економските последици од пандемијата на Корона вирусот .

Средствата на ЕБОР ќе се искористат за ликвидност на малите бизниси кои имаат намалување на активностите и приходите, како последица од проширувањето на вирусот.

Долгорочниот партнер на ЕБОР, ПроКредит Банка е основана во 2003 година, и денес е шестата најголема банка во Северна Македонија. Банката е специјализирана за финансирање на микро, мали и средни претпријатија, а нејзиниот пазарен удел во овој сегмент изнесува 14%.

Со овој кредит ЕБОР покажува доверба во ПроКредит Банката, македонскиот банкарски сектор и во отпорноста на македонската економија.

„ ПроКредит Банка веќе 17 години успешно ја поддржува македонската економија и е докажан партнер на малите и средни претпријатија во земјата. Нашиот успех се должи на на долгорочниот, партнерски однос, транспарентност во комуникацијата со клиентите, високиот квалитет на услуга и одговорното кредитирање.
Како одговорна банка, во ситуација на намалена економска активност поради пандемијата предизвикана од вирусот Ковид, стоиме позади нашите клиенти. Во ситуација на зголемена неизвесност важно е банката партнер на своите клиенти да им обезбеди средства кои се неопходни за понатамошна стабилизација и раст. Значајна подршка претставува кредитната линија од ЕБОР, со која дополнителни средства во износ од €15 милиони, ќе бидат пласирани во македонското стопанство“, изјави Емилија Спировска, член на Управен одбор на ПроКредит Банка

“Горди сме што го потпишуваме овој договор денес со Прокредит Банка Македонија и со тоа го прошируваме партнерството на нашите две институции. Одличната историја на ПроКредит Банката во опслужувањето на македонските микро, мали и средни претпријатија, како и нејзината одличната позиционираност на пазарот во земјата, ја прават идеален партнер за пласирање на средствата на ЕБОР и обезбедување на помош и ликвидност на компаниите кои поминуваат во овој период на досега невидена неизвесност. Со потпишувањето на овој договор, ЕБОР обезбедува вкупно 35 милиони евра ликвидност за бизнисите во Северна Македонија преку Пакетот за солидарност, продукт развиен за да се помогне на економиите во земјите каде ЕБОР е активна, а кои се погодени од Ковид кризата”, вели Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР за Северна Македонија.

Кредитот на ЕБОР е доделен од Пакетот за солидарност на Банката, која обезбедува мерки за поддршка на постоечките клиенти врз кои влијае кризата од Корона вирусот. По појавување на пандемијата, ЕБОР направи значајни отстапки во ангажманот во оваа насока и очекува да инвестира €21 милијарда , во периодот 2020-2021 година за да се справи со влијанијата од Ковид-19.

ЕБОР е главниот институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес, има инвестирано над €2 милијарди во 134 проекти во земјата.