Бензините поевтинуваат за три, а дизелот за 2,5 денари по литар

Согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 5,56%.

Бензиите Еуросупер БС 95 и ЕУРОСУПЕР БС 98 поевтинуваат за 3 денари по литар и ќе се продаваат по цена од 64 денари, односно 66 денари за литар.

За 3,175 денари поевтинува и мазутот М-1 НС, и еден килограм ќе чини 30,39 денари.

Од Регулаторната комисија за енергетика информираат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати бележат намалување и тоа кај бензинот во просек за околу 10,40%, кај дизелот за 9,63%, кај екстра лесното масло за 9,47%, а кај мазутот за околу 12,01%.

Во исто време курсот на денарот во однос на доларот е намален за 0,35%.

Цената на нафтата паѓа веќе неколку недели наназад како последица на намалената побарувачка и забавувањето на кинеската и другите економии кои се погодени со корона вирусот.

Некои аналитичари сметаат дека цената на нафтата би можела да падне и под 30 долари за барел, ако земјите членки од ОПЕК не постигнат договор за поголеми намалувања во делот на производството.