Прогнозите за сите европски економии покажаа дека Полска е државата чија економија ќе има најмал пад . Во 2020 година полската економија ќе се намали за 4,6%. Иако падот ќе биде малку поголем од предвиденото од аналитичарите од Брисел во пролетта (кои предвидоа пад од 4,3 %), рецесијата во Полска ќе биде најмала во ЕУ како целина, предвидува Европската комисија.
Економската состојба во Полска е релативно пооптимистичка во однос на другите земји, благодарение на големиот пакет поддршка кој Полска го стави на располагање на компаниите.
Полска е 14 најголем трговски партнер на македонските компании, каде во првите пет месеци годинава е остварен извоз од 19,7 милиони евра, кој е намален за 16,9% во споредба со истиот период лани. Увозот, пак, во првите пет месеци годинава изнесувал 73 милиони евра и тој бележи пад од 24,3%.
Во текот на изминатата 2019 година во Полска е реализиран извоз од 56,4 милиони евра (+0,5%), додека увезени се производи во вредност од 237 милиони евра (+17,5%).
Во првите четири месеци годинава во Полска најмногу сме извезувале свежа зелка во вредност од околу 3 милиони евра. Извозот на руди на цинк и концентрати изнесувал околу 2,7 милиони евра, околу 1 милион евра изнесувал извозот делови за шински возила. Понатаму во Полска се извезувале стаклени влакна, електрични бојлери, работна облека, челични цевки, оловни акумулатори, вишни и лекови.
Подетални информации за тоа што најмногу увезува Полска можете да погледнете на следниот линк.
Полошо е отколку што се очекуваше: Европската унија годинава ќе има пад од 8,3%
Полска планира пакет поддршка за компаниите од 52 милијарди долари.