Полска планира пакет поддршка за компаниите од 52 милијарди долари

Полска планира да донесе пакет мерки во вредност од 212 милијарди злоти (52 милијарди ) за да се спротивстави на негативните ефекти од епидемијата на коронавирус врз економијата, изјави премиерот Матеуш Моравиецки.

Пакетот ќе вклучува стимулации за плати, гаранции за кредити и мерки за ликвидност на компанијата. Исто така, државата ќе ги зголеми трошоците за здравствена заштита и подготвува повеќе инвестиции во овој сектор.

Полска планира да ги субвенционира платите на вработените во погодените компании во износ еквивалентен на 40% од просечната плата. За самовработените ќе воведе бенефит од 80% од минималната плата, како и надоместок за родители кои мораат да се грижат за своите деца заради затворените училишта.

Решението за компаниите ќе вклучува кредитни гаранции, микро заеми, лизинг и мерки за поддршка на ликвидноста, обезбедени од државната развојна и Полскиот фонд за развој (ПФР).

Планот опфаќа и нов инвестициски фонд вреден 30 милијарди злоти, кој независно од фондовите на ЕУ, ќе инвестира и во локалните патишта, дигитализацијата, модернизацијата на училиштата, енергетската трансформација и заштитата на животната средина.

Целта е „класичен инвестициски импулс“ со оглед на очекуваниот пад на приватните инвестиции, објасни Моравиецки.

На поддршка на болниците и за купување медицинска опрема ќе бидат потрошени вкупно 7,5 милијарди злоти.

Во последните неколку дена, водечките полски банки им овозможија на граѓаните и компаниите да го одложат отплатата на заемот, а централната банка ги намали каматните стапки на рекордно ниско ниво и вети дека ќе одржува ликвидност во финансискиот сектор.

Фондот за социјално осигурување објави дека ќе им овозможи на компаниите да одложуваат придонеси на три месеци.

Полска досега регистрирала 246 случаи на инфекција со коронавирус и три лица починаа од оваа болест.