Од 6 декември (недела) започнува за функционира новата редовна авиолинија на релацијата Скопје-Киев.
Новите летови, што се воспоствуваат за првпат меѓу Украина и Македонија, ќе ги реализира авиокомпанијата WINDROSE. Летовите 7W791 / 792 ќе се извршуваат секој четврток и недела.
Првпат во историјата на односите меѓу Украина и пријателска Република Северна Македонија од 6 декември 2020 година се воведуваат летови на релација Кијив-Скопје-Кијив!, соопшти денеска Амбасадата на Украина во Скопје.
Летовите од аеродромот Бориспиљ ќе се извршуваат со авиони Embraer-145 и ATR72-600.
Покрај тоа, истакнуваат од Амбасадата, WINDROSE нуди удобен транзит од регионите на Украина: Харков, Днипро, Одеса и Лавов. -Постоење на директните летови ќе придонесе за интензивирање на билатералната соработка – зајакнување на бизнис врските, развој на туризмот во двете земји, подобро запознавање на граѓаните на Северна Македонија со Украина и на Украинците со Република Северна Македонија.
На овој значаен настан беше посветена средбата на амбасадорката на Украина Наталија Задорожњук со генералниот директор на TAV Macedonia Метин Батак на аеродромот на Скопје на 26 ноември 2020 година, стои во соопштениетона Амбасадата на Украина.
Воведувањето на директната авиолинија ќе ги олесни и бизнис контактите помеѓу двете земји и ќе отвори можности за македонските бизнисмени за полесен пристап до големиот и атрактивен украински пазар.
Македонија има веќе Договор за слободна трговија со Украина, а на почетокот на годинава се укинаа и визите за патување на македонските граѓани во оваа земја.
За повеќе информации околу потенцијалите кои ги нуди украинскиот пазар прочитајте го интервјуто со македонскиот амбасадор во Украина, Крум Ефремов на следниот линк.