Првиот турски товарен воз за Кина стигна до својата дестинација, а турските власти најавуваат дека планираат да го зголемат бројот на возови кои директно и редовно ќе патуваат кон Кина, објавува турскaтa Anadoly Agency.
„Горди сме и воодушевени што турската стока пристигна во Кина, еден од најголемите пазари во светот, за 13 дена преку железница“, рече Рухсар Пекчан за време на церемонијата на пречек во Ксијан, централна Кина.

Возот тргна од Истанбул на 4 декември и ја стигна на својата дестинација во саботата, поминувајќи растојание од 8.693 километри низ Турција, Грузија, Азербејџан, Каспиското Море и Казахстан.

Според турската министерка за трговија, глобалната пандемија ја зголемила важноста на железничкиот транспорт.

Во однос на проектот “Еден појас, еден пат, Пекчан рече дека иницијативата е еден од најважните проекти кој ќе ги претвори теоретските предности и привилегии на Турција во практични придобивки.

Кинеската иницијатива “Еден појас, еден пат” е амбициозна развојна програма за поврзување на Азија со Африка и Европа преку копнени и поморски мрежи долж шест коридори со цел подобрување на регионалната интеграција, зголемување на трговијата и стимулирање на економскиот раст.

Нова ера во железничкиот превоз

Адил Караисмaилоглу, турскиот министер за транспорт и инфраструктура, рече дека првиот товарен воз од Турција до Кина му покажал на целиот свет дека започнала нова ера во железничкиот превоз.

Времето на превоз на товар се намали на 12 дена од еден месец помеѓу Турција и Кина и на 18 дена помеѓу Далечниот Исток и Западна Европа, рече министерот за време на церемонијата.

Потсетувајќи дека првиот товарен воз превезувал 42 вагони апарати од Турција до Кина, тој рече дека и вториот товарен воз во моментов е на пат кон Кина.

Во 2021 година, товарниот воз на релација Турција – Кина ќе се обраќа два пати неделно.

Обемот на трговија помеѓу Турција и Кина достигнува 22 милијарди долари.
Извор: Anadolu Agency