Со раст од 9,6% на годишно ниво, извозот на Турција во февруари достигна истириски највисок износ од 16 милијарди долари, изјави Рухсар Пекџан, министер за трговија на Турција.
Турција исто така забележа раст на увозот од 9,8%, достигнувајќи 19,4 милијарди долари во истиот период, со што трговскиот дефицит достигна 3,4 милијарди долари во февруари и покриеност на извозот до увозот од 82,7%.
Турција имаше многу добар старт на 2021 година, благодарение на силните перформанси во јануари и февруари.
Министерството за трговија на Турција е насочено кон проширување на извозните пазари на Турција истовремено зајакнувајќи го своето присуство на сегашните, нагласи Пекџан.
Турција минатата 2020 година ја заврши со економски раст од 1,8% и заедно со Кина се единствените две земји од групата Г20, кои имаа раст на економијата во минатата година.
Последниот квартал од 2020 година турската економија зема замав и порасна за 5,9%, со што ги надомести загубите предизвикани од пандемијата.