Flags of the United States and Belgium on flagpoles on sides. Six flags on a blue background. Place for text. United States of America. Brussels. 3D illustration.

Трговскиот договор што вчера беше склучен меѓу ЕУ и САД, со кој се предвидува царина од 15% за извозот на речиси сите стоки на американскиот пазар, наиде на критики од германските индустриски и трговски здруженија.
Што точно ќе значи договорот за германската економија и потрошувачите, веројатно ќе стане јасно дури во наредните месеци.
Добро е што неизвесноста е донекаде намалена, но лошо е што царините остануваат на сила, а тие генерално ги прават производите поскапи и ја забавуваат трговијата.

Во својата првична реакција, Германското здружение на индустријата (BDI) остро го критикуваше договорот постигнат меѓу претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на САД, Доналд Трамп, нарекувајќи го „фатален сигнал“ за економиите на двете земји. Според Здружението, договорот е несоодветен компромис што ќе испрати катастрофален сигнал до тесно испреплетените економии од двете страни на Атлантикот.

Според нив, дури и царинска стапка од 15 % би имала огромни негативни ефекти врз извозно ориентираната германска индустрија.
Договорот е несоодветен компромис и испраќа фатален сигнал до тесно испреплетените економии од двете страни на Атлантикот“, изјави BDI, цитиран од новинската агенција DPA. Индустријалците забележаа дека „засега е избегната понатамошна ескалација на ситуацијата“ и дека ова е „единствениот позитивен аспект на овој договор“.

Според Германското здружение на автомобилската индустрија (VDA), годишните трошоци само за компаниите во германската автомобилска индустрија се проценуваат на милијарди.

Како што истакна Здружението, главната работа е договорот да стане обврзувачки. Компаниите од двете страни на Атлантикот треба да планираат за безбедноста и инвестициите во синџирот на снабдување, смета BDI.

Германското здружение за надворешна трговија и големопродажба (BGA) го нарече договорот за царина „болен компромис“.

Дополнителната царина е егзистенцијална закана за многу од нашите трговци“, соопшти BGA. Дури и ако постои почетна сигурност за условите за тргување, синџирите на снабдување ќе се променат и цените ќе растат, смета здружението.

Договорот со САД ќе ја чини Германија просперитет и работни места, заклучи БГА.

Од своја страна, германскиот вицеканцелар и министер за финансии Ларс Клингбеил изрази задоволство од договорот за царини. „Секогаш сме се стремеле кон договор преку преговори. Сега тоа е постигнато и тоа е добро“, рече Клингбеил.

Останувам фундаментално убеден: царините ѝ штетат на економијата од двете страни на Атлантикот. Потребни ни се ниски царини и отворени пазари. Продолжуваме да се потпираме на добри трговски односи. За да го направиме ова, ќе развиеме нови глобални партнерства заедно со САД“, рече министерот, додавајќи дека конфликтот ја покажал потребата од понезависно позиционирање.

Како го објаснува ЕУ договорот?

По средбата со Трамп, фон дер Лајен изјави: „Денешниот договор создава безбедност во неизвесни времиња“. На европските компании им е потребна предвидливост во овие турбулентни времиња за да можат да планираат и инвестираат. Зад затворени врати, дури и во рамките на Комисијата на ЕУ, се признава дека обвинувањата за нерамнотежа во трговските односи меѓу ЕУ и САД не можат целосно да се отфрлат.

Според најновите бројки од статистичката служба Евростат, ЕУ забележа значителен суфицит од околу 198 милијарди евра во трговијата со стоки со САД во 2024 година. Иако САД се покажаа подобро во секторот на услуги, ЕУ сепак заврши со трговски суфицит од 50 милијарди евра.
Се очекува царината од 15% да генерира милијарди дополнителни приходи за американската државна каса годишно. Според податоците на ЕУ, просечната царина на САД за увоз од ЕУ во пракса била само околу 1 процент пред Трамп да ја преземе функцијата, исто толку ниска како царината на ЕУ за увоз од САД – барем врз основа само на реалната трговија со стоки меѓу ЕУ и САД.

Извор: Welt