Регулативата и притисокот од потрошувачите ја туркаат индустријата да се однесува позелено во пакувањето. Трендот на „одржливите“ или „еколошки“ амбалажи и пакувања не е ништо ново, но сега расте и се очекува да доживее бум во наредните години.

Според Гранд Вју Рисрч (Grand View Research), пазарот на еколошки пакувања
веројатно ќе достигне 353,78 милијарди долари (312,6 милијарди евра) до 2030 година, растејќи со годишна стапка на раст од 7,6% помеѓу 2025 и 2030 година.
Додека во некои области, интересот на потрошувачите за одржливост опаѓа, во
просторот на пакувањето одржливоста сè уште напредува.

Дали одржливото пакување ќе расте?

Краткиот одговор е да, се предвидува дека секторот за одржливо пакување ќе
расте.

Дури и веќе етаблираните прехранбени компании го прифаќаат трендот, вложувајќи пари во иновации во синџирот на снабдување, реновирање на постројки и истражување и развој.
Иако остануваат значајни предизвици – вклучувајќи ги трошоците и функционалноста на новите материјали, инфраструктурата за рециклирање и компостирање, како и усогласувањето со стандардите, сертификатите, па дури и дефиницијата за „еколошки“, се предвидува дека овој раст ќе продолжи со брзо темпо.
Речиси секоја голема компанија за храна и производи за широка потрошувачка сега има план за транзиција кон одржливо пакување во следните пет години. Инвестициите во синџирот на снабдување, откритијата во материјалите и зголемениот потрошувачки активизам се усогласуваат за да создадат пазарна средина каде што експоненцијалниот раст е не само можен, туку и очекуван.

Што го поттикнува бумот?

Три главни сили се клучни кои влијаат врз трендот на поголема употреба на еколошките пакувња: политиката, побарувачката на потрошувачите и корпоративните ESG цели.

Во однос на политиката, регулативите на ЕУ за пакувањето создадоа „регулаторен дно“, каде што „брендовите се тркаат да се надминат едни со други во давањето јавни обврски околу намалувањето на пластиката.

Неодамнешната Регулатива за пакување и отпад од пакување на ЕУ (PPWR) е еден од најзначајните законски акти што има за цел да влијае врз пакувањето во Европа. Регулирањето и на видовите пакување што се пласираат на пазарот на ЕУ и на начините за отстранување на пакувањето, го менува она што индустријата може да го прави со пакувањето, а што не може.

Притисокот од потрошувачите, исто така, игра клучна улога во поттикнувањето на инвестициите во еколошки пакувања. Состојбата почна да се менува во овој поглед по пандемијата.
Пандемијата посебно го префрли фокусот на луѓето кон здравјето, безбедноста и
влијанието врз животната средина, а пакувањето сега е видливо бојно поле за брендовите.
Сега потрошувачите сакаат да знаат колку е одржливо нивното пакување,
од јаглероден отпечаток и транспарентност на етикетирањето до рециклирање и компостирање, па дури се подготвени да ги сменат компаниите и
да платат повисока цена за да го добијат овој резултат.
За многу компании за храна и пијалоци, пакувањето станува исто толку важно како и самиот производ во однос на лојалноста и диференцијацијата.