Извозот на домати од Македонија минатата 2019 година достигна вредност од 11,6 милиони долари, што е намалување од 7,6% во споредба со претходната година. Намалување на извозот на домати има и ако се гледа количнски. Минатата година биле извезени близу 19 милиони килограми домати, што е намалување за 11% во споредба со претходната година.
Според вредноста на извезените домати Македонија лани била 37 најголем извозник на домати во светот. Ако се споредува македонскиот извоз со извозот на домати од земјите од регионот, Македонија е четврти најголемк извоз на домати. Лидер е Албанија која лани имала извоз на домати во врендост од 28,5 милиони долари, според што таа е 22-ри најголем извозник на домати во светот. Повеќе од нас извезуваат и Бугарија и Грција.
Статстичките податоци покажуваат дека извозот на македонски домати минатата година бил најмал во последите седум години, гледано и количински и вредносно.
Најголем извоз на домати во вредност од 17,1 милион долари Македонија имала во 2017 година, а во последните две годни тој бележи намалување.
Гледано количински најголем извоз на домати сме имале во 2014 година кога биле извезени 29,3 милиони килограми домати, а оттогаш наваму количината на извезени домати се намалува.
Доматот е трет најизвезуван зеленчук од земјава, после зелката и пиперките, кои за разлика од доматите бележат раст на извозот минатата година од 50% и 47,5%.
Се намалува и производството на домати
Намалувањето на извозот на домати не е за изненадување ако се знае дека во изминатиов период има тренд на намалување и на производството на домати. Според податоците од државниот завод за статистика минатата година во Македонија се произведени 152,3 илајди тони домати, што е намалување за 5,7% воспоредба со претходната 2018 година. Ова е наниско производство на домати во последните пет години. Колку за споредба во 2015 година кога се произвеле 173,4 илајди тони домати.
И покрај субвенциите за домати кои земјоделците ги добиваат од буџетот во изминативе десетина години, производството на домати лани е помало во споредба со пред 10 години. Така во 2010 година во Македонија се произвеле 168 илјади тони домати, што е 15 илајди тони или 9,3% помалку.
Каде најмногу се извезуваат македонските домати?
Ако се анализира ланскиот извоз на домати по земји, минатата година најмногу домати се продадени во Србија, во вредност од 4,6 милиони долари, или околу 40% од вкупиот извоз на домати.
Втор наголем пазар за македонскитедомати лани бил Русија со извоз вреден 3,7 милиони долари.
Само на овие два пазари е реализиран извоз поголем од 1 милион долари. Следи Бугарија каде лани биле продадени домати во вредност од 717 илјади евра, БиХ со извоз од 673 илајди евра и Хрватска со извоз од околу 500 илјади долари.
Доматите со највисока цена во Полска, најниска во Косово
Ако се гледа вредносно, пак, највисока цена македонските домати лани постигнале во Полска со цена од 1,3 долари за килограм и во Русија каде доматите се продавале по цена од 1,2 долари по килограм, што е двојно повисока цена во споредба со цената од 0,6 долари за килограм по кои се продавале лани македонските домати во Србија.
Најниска извозна цена доматите лани имале во Косово од само 0,25 долари за килограм, каде лани биле извезени 1,4 милиони килограми домати. Гледано според извезените количини Косово лани бил петти најголем извозен пазар за македонските домати.
Кои се најголеми извозници на домати во светот
Според податоците од Worldtopexports, вкупниот извоз на домати во светот лани достигнал вредност од 9 милијарди долари, што е намалување за 6,2% во однос на 2018 година.
Дури 47,6% од вкупниот извоз на домати во светот потекнува од земјите од Европа, кои лани извезле домати во вредност од 4,3 милијарди долари.
Земјите од Северна Америка учествуваат со 31,6% во вкупниот извоз на домати, додека 10,7% од извозот на домати отпаѓа на азиските земји.
Ако се гледа по земји, најголем извозник на домати во светот во 2019 година бил Мексико со извоз од 2,2 милијарди долари или 24,1% од вкупниот извоз.
Втор најголем извозник е Холандија со извоз на домати вреден 2 милијарди долари. Следи Шпанија со извоз од 1,1 милијарда долари, Мароко со извоз на домати од 765,2 милиони долари и Франција со извоз од 381,5 милиони долари.