Производството на суров челик во Македонија во периодот јануари-ноември 2022 година изнесувало 232.374 тони, што помалку за 8,8% во периодот јануари-ноември 2021 година, што е најголем пад на производството на челик во регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ), објавува Eurometal повикувајќи се на податоците на Worldsteel.

Производството на суров челик во Југоисточна Европа (ЈИЕ) е намалено во ноември во споредба со истиот месец од 2021 година, според најновите податоци на Worldsteel. Производство на челик во ноември изнесувало 380.165 тони, што е намалување за 11,7% на годишно ниво.
Производството исто така е намалено отколку во октомври, кога производството во регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) изнесувало 385.700 тони.


Во периодот јануари-ноември, регионалното производство изнесувало 4,34 милиони тони, што е намалување за 4,8% на годишно ниво.

Србија е најголемиот производител на челик меѓу седумте земји на ЈИЕ, каде се вклучени и Бугарија, Хрватска, Словенија, Босна, Северна Македонија и Молдавија.
Производството на суров челик во Србија изнесувало 1,57 милиони тони во периодот јануари-ноември, што е зголемување за 2,1%.

Вториот по големина производител во регионот Босна и Херцеговина забележа производство на суров челик од 820.000 тони, повеќе за 13,6% на годишно ниво.
Третиот по големина производител на челик Словенија забележа пад на производството за единаесет месеци за 6,7% на 565.243 t.
Четвртиот по големина производител на челик Молдавија забележа намалување на производството на суров челик за 0,3% на годишно ниво на 513.400 t.
Бугарија е петти по големина производител со производство на челик од 482.200 тони, што е намалување за 4,5%.

Северна Македонија е шести по големина производител на суров челик и во периодот јануари-ноември произвела 232.374 тони, што помалку за 8,8% во периодот јануари-ноември 2021 година, односно има најголем пад на производството на челик во регионот.
Хрватска произвела 154.532 тони, што е намалување за 2,3 %.

Главните причини за намалување на производството се скапата енергија која се користи во оваа енергетско-интензивна индустрија.

Покрај намаленото производство на суров челик, Македонија се соочува и со голем пад на производството на метали. Според податоците од Државниот завод за статистика индустриското производство на метали во периодот јануари-ноември 2022 година е намалено за 23,4%, а само во ноември производството на метали бележи пад од високи 45,9%.