Mинатата 2020 година беше историска година за руското земјоделство. За прв пат по распадот на Советскиот Сојуз, Русија стана нето извозник на храна.
Русија минатата година извезла 79 милиони тони прехранбени производи, во вредност од 30,7 милијарди долари, покажуваат податоците на руското Министерство за земјоделство, пишува Russia Today (RT).
Рускиот извоз на храна лани забележал пораст од 20% во споредба со претходната година, надминувајќи го рекордот поставен во 2018 година, кога земјата извезла 78,5 милиони тони производи во вредност од 25,8 милијарди долари.

Русија лани извезувала повеќе жито, месо, риба, зеленчук, млечни производи и други производи отколку што увезувала, станувајќи нето продавач на земјоделски производи за прв пат по распадот на Советскиот Сојуз.

Житарките традиционално сочинуваат повеќе од половина од извозот на земјоделски производи во Русија, што претставува околу 33% од вкупните продажби на храна во странство.
Во 2020 година, земјата ја забележа втората најдобра жетва на жито во историјата.
Турција стана главен потрошувач на руски житарки , откако купи девет милиони тони за 1,9 милијарди долари.

Најголем пораст е забележан во извозот на месо, кој лани се зголемил за 49%, на вкупна вредност од скоро 900 милиони долари, поттикнат од силната и растечка побарувачка од Кина.
Пекинг остана најголем увозник на руски производи за храна, сочинувајќи 13% од вкупната продажба.

Турција е втор најголем купувач со учество од 10% во вкупните продажби на Русија во странстви, додека уделот на увозот на Казахстан изнесуваше 7%.
Русија лани извезувала прехранбени производи во 150 земји низ целиот свет.
Земјоделскиот сектор во Русија бележи подем од 2014 година, кога земјата забрани увоз на храна од Европската унија како одговор на санкциите за повторното обединување на Крим и мораше да развие домашни алтернативи за европските млечни производи, овошје, зеленчук, сирења и месо.