(Видео) Amazon го претстави новото електрично возило за достава

0
22

Amazon го претстави новото иновативно електрично возило кое планира да го користи за достава на пратки.
Голем партнер во овој бизнис на „Амазон“ е стартапот Rivian за производство на електрични автомобили со седиште во Мичиген.

Како што соопштија од Amazon, се очекуваат три варијации на новото возило, во зависност на оптоварувањето и видот на погонот. Во клима со поостри клими, возилата за испорака на Amazon ќе имаат погон на сите тркала, додека во стандардните варијанти ќе има погон само на предните тркала.

“Се обидуваме да ја изградиме најоддржливата флота за транспорт во светот, коај исто така треба да биде најфункционална, со највисоки преформанси и најбезбедна “, соопштија од Amazon.

Првата нарачка од Аmazon е дури 100.000 примероци, а првите возила ќе се најдат на улиците на почетокот на 2021 година.