Home Вести Бислимоски: Јаглеродната такса може да го сопре извозот на електрична енергија од...

Бислимоски: Јаглеродната такса може да го сопре извозот на електрична енергија од Западен Балкан на европскиот пазар

Доколку Европа не отстапи од планот за воведување на јаглеродната такса кај земјите членки на Енергетската заедница (ЕЗ), наместо интеграција со земјите членки на ЕУ и формирање на еден заеднички европски пазар ќе ни се случи тргување со електрична енергија исклучиво помеѓу земјите кои што не се членки на ЕУ – посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на трибината посветена на предизвиците во енергетскиот секторот, насловена како „Центар за енергетска политика на Западен Балкан“ што се одржа во Приштина.

Бислимоски истакна дека воведувањето на јаглеродната такса значително ќе ја зголеми крајната цена на електричната енергија на отворениот пазар, со што таа ќе ја изгуби конкурентноста во однос на струјата произведена во земјите членки на Унијата.

Македонија во текот на изминатата 2024 година oстварила извоз на електрична енергија од 184 милиони евра, од кои речиси две третини или 114 милиони евра биле во земји од Европската унија, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. (Во овој износ влегува и транзитот на електрична енергија произведенас од други земји).

Со имплементацијата на јаглеродната такса практично ќе се блокира интеграцијата на земјите од Западен Балкан со европскиот пазар. Нема реална можност производител од регионот да извезува електрична енергија во ЕУ и ќе останеме затворени во тесни регионални рамки, изјави Бислимоски.

Според статистичките податоци, најголем извозен пазар каде лани се извезувала електричната енергија од Македонија е Бугарија, каде лани имало извоз од 56 милиони евра. Втор најголем извозен пазар е Србија со извоз од 42 милиони евра, Грција со извоз од 38  милиони евра, Косоо со 23 милиони евра и Швајцарија со 13 милиони евра.

Билимовски вели дека и покрај зголемените инвестиции во обновливи извори на енергија од почетокот на енергетската криза, производството од јаглен и натаму има доминантна улога, бидејќи обезбедува базна енергија неопходна за стабилноста на електроенергетските системи во регионот.

Од РКЕ нагласуваат дека земјите членки на Енергетската заедница континуирано спроведуваат значајни реформи во енергетскиот сектор.

-Кај нас се усвоени првиот, вториот и третиот енергетски пакет, а во тек е имплементацијата и на четвртиот. Берзите за електрична енергија веќе функционираат, се зајакнуваат меѓуграничните капацитети и се создаваат услови за спојување на пазарите, што е клучно за привлекување нови инвестиции, посочи Бислимоски.

Според него, придобивките од енергетските реформи мора директно да ги почувствуваат граѓаните, нагласувајќи дека Европа треба да покаже поголема поддршка преку соодветни субвенции.

error: Content is protected !!
Exit mobile version