Home Вести Извозот во декември порасна за 8,5%, најголем раст има кај извозот во...

Извозот во декември порасна за 8,5%, најголем раст има кај извозот во Полска

Извозот од Македонија во декември 2025 година достигна 613 милиони евра, што претставува раст од 8,5% во споредба со истиот месец лани. Увозот, пак, надмина 1 милијарда евра, со раст од 7,88%, а покриеноста на увозот со извозот изнесуваше 60,7%.

Германија водечки пазар, Полска со експлозивен раст

Германија останува најголем извозен пазар со 198 милиони евра (+4,1%), иако количински извозот паднал за високи 31% во декември 2025 година.
Бугарија е втор најголем пазар со извоз од 36,8 милиони евра (-15%), а веднаш зад неа се Србија со извоз од 36,4 милиони евра (+4,6%) и Косово со извоз од 30 милиони евра (-1,8%).
Најголем раст бележи Полска – дури 347%, со што стана петти најголем извозен пазар со извоз вреден 26,8 милиони евра во декември 2025 година. Анализата покажува дека извозот на зелка е најзаслужен за високиот раст на извозот во Полска.

Во првите десет најголеми извозни пазари за македонската економија се уште и:

  • Унгарија – 23,9 милиони евра (+13,1%)
  • САД – 20,9 милиони евра (-4,5%)
  • Словачка – 16,43 милиони евра (+16,2%)
  • Чешка – 16,4 милиони евра (-12,2%)
  • Грција – 16,2 милиони евра (+20,7%)

Кои индустрии најмногу извезуваат?

Дури 90% од вкупниот извоз во декември или 553 милиони евра доаѓа од преработувачката индустрија. Земјоделството учествува со 3,1% (18,8 милиони евра), рударството со 3,2% (19 милиони евра), а извозот на електрична енергија и гас изнесува 12,8 милиони евра. Производите за рециклирање донеле околу 6 милиони евра.

Во рамки на преработувачката индустрија, најголем извозник е хемиската индустрија со 148,3 милиони евра (каде спаѓаат катализаторите на најголемиот извозник од земјава „Џонсон Мети“).

Следуваат:

  • Моторни возила и приколки – 94 милиони евра
  • Метали – 37,7 милиони евра
  • Прехранбена индустрија – 35 милиони евра
  • Облека – 25 милиони евра
  • Фармацевтски производи – 16,6 милиони евра
error: Content is protected !!
Exit mobile version