Kuehne Nagel

Швајцарската логистичка групација Kuehne+Nagel (Кине Нагел) со пад на профитот од 39%, ќе се кратат до 1.500 работни места започнува програма за намалување на трошоците, со која се предвидува да се намалат од 1.000 до 1.500 работни места.

Ова следи откако компанијата објави дека во третиот квартал годинава, оперативната добивка (EBIT) се намали за високи 37%, на 285 милиони швајцарски франци, а нето добивката за 39%, на 206 милиони швајцарски франци.

Компанијата има за цел да ги намали трошоците за повеќе од 200 милиони франци преку мерки како што се поголема употреба на автоматизација и заеднички сервисни центри.

Како дел од овој план, ќе се намалат помеѓу 1.000 и 1.500 работни места со полно работно време, од вкупно 85.000, изјави портпаролот на компанијата.

Европските логистички компании се под притисок


Европските компании за превоз и логистика се под притисок поради падот на цените на превозот и послабата побарувачка откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе низа нови царини за трговските партнери претходно оваа година. Во изминатиот период работеа во пазарната средина која се карактеризираше со прекумерен капацитет и притисок врз маржите.

Во првите девет месеци од 2025 година, групацијата Kuehne+Nagel го зголеми својот нето промет за 3% на 18,5 милијарди швајцарски франци. Добивката пред камати и отплата (EBIT) достигна 1,0 милијарда швајцарски франци, а заработката изнесуваше 761 милион швајцарски франци.

Швајцарската логистичка групација ги намали своите прогнози за оперативен профит по втор пат оваа година. Сега предвидува профит од 1,3 милијарди швајцарски франци (1,6 милијарди долари) во 2025 година, откако претходно ја предвиде во опсег од 1,45 милијарди швајцарски франци до 1,65 милијарди швајцарски франци.