Home Вести Стануваме сè позависни од увоз на храна: Увезуваме двојно повеќе отколку што...

Стануваме сè позависни од увоз на храна: Увезуваме двојно повеќе отколку што извезуваме, а дефицитот се зголеми на рекордни 567 милиони евра!

Минатата 2025 година од Македонија биле извезени околу 419 илјади тони храна во вредност од 564 милиони евра. Вредноста на извозот бележи годишен раст од 3,4%, но количините се намалени за високи 12,8% во споредба со 2024 година.

Увозот на храна лани бележи значително зголемување. Македонија увезла 807 илјади тони храна во вредност од 1,13 милијарди евра. Вредноста на увозот пораснала за 6,4%, додека количините се зголемиле за 2,9%.

Трговскиот дефицит во трговијата со храна минатата година се зголемил на близу 567 милиони евра, со годишен раст од 9%. Покриеноста на увозот на храна со извозот лани изнесувала само 49,8%, што претставува влошување во однос на 2024 година, кога покриеноста била 51,1%.
Колку за споредба во прет-пандемиската 2019 година, дефицитот во трговијата на Македонија со храна со светот изнесувал 303 милиони евра, а покриеноста на увозот со извозот на храна изнесувала 54,8%.

Зеленчукот и овошјето носат најголем дел од извозот

На страната на извозот, најголем дел од приходите се создаваат со продажба на зеленчук, овошје и нивни преработки на странските пазари. Лани биле извезени 270 илјади тони зеленчук, овошје и преработки во вредност од 256 милиони евра. Вредноста на извозот бележи раст од 1,8%, но количините се намалени за високи 12,8% во споредба со 2024 година.

Статистиката покажува дека лани Македонија увезла 175 илјади тони зеленчук, овошје и преработки во вредност од 180 милиони евра. Вредноста на увозот пораснала за високи 11,4%, додека количините бележат годишен раст од 8,1%.

Втора најзначајна ставка во извозот на храна лани биле жита и преработки од жита, од чија продажба на странските пазари се остварени приходи од 124 милиони евра, речиси на исто ниво како и во 2024 година (+0,1%). Извезени биле близу 85 илјади тони, што претставува годишен пад од 23,7%.

Втора најзначајна ставка во извозот на храна лани биле Жита и преработки од жита од чија продажба на странските пазари лани се остварени извозни приходи од 124 милиони евра, кои се речиси на исто ниво како и 2024 година (+0,1%). Извезени биле близу 85 илјади тони, што е за годишен пад од 23,7%.

Извозот на млеко, млечни производи и јајца лани донел приходи од 48,8 милиони евра, што е раст од 43,8%. Количински, извезени биле 21 илјада тони, што претставува годишен раст од 61,5%.

Минатата година биле извезени и 9 илјади тони месо и преработки од месо во вредност од 41,3 милиони евра. Вредноста на извозот останала речиси на исто ниво како во 2024 година (+0,6%), додека количините бележат пад од 3%.

Месото најголем увозен артикл, расте и увозот на овошје и млечни производи

На страната на увозот, најголем удел имаат месото и преработките од месо. Лани во земјава биле увезени 81 илјада тони месо и месни преработки во вредност од 245 милиони евра, при што вредноста на увозот бележи годишен раст од 6,4%, а количините остануваат речиси на исто ниво како во 2024 година (+0,2%).

Следуваат:

  • Зеленчук и овошје – 179,5 милиони евра (+11,4%)
  • Разни производи за исхрана – 156 милиони евра (+8,2%)
  • Жита и преработки од жита – 151 милион евра (+6,2%)
  • Кафе, чај, какао и зачини – 137 милиони евра (+8,9%)
  • Млеко, млечни производи и јајца – 120 милиони евра (+14,7%)

ПОВРЗАНИ НАПИСИ:

Кои се најголемите трендови во индустријата за храна и пијалоци за 2026 година?

Анализа: Како пандемијата се одрази врз македонскиот извоз и увоз на храна?

error: Content is protected !!
Exit mobile version