Volkswagen ,најголемиот светски производител на автомобили според продажба, денеска соопшти дека ја продолжува работата во европската најголема фабрика за автомобили Волфсбург, Германија.

Охрабрени од падот на стапката на инфекција, Германија ги олесни правилата за ограничување, а производителите на автомобили се потпираат на капацитетот на државата да го следи и контролира вирусот по повторното отворањето на најголемата економија во Европа.

Во Волфсбург, околу 8000 работници повторно започнаа со производство на автомобили. Според проценките на компанијата, оваа недела ќе бидат произведени 1.400 автомобили, по што производството ќе се зголеми на 6.000 автомобили за две недели.
Фабриката ќе стартува со производствен капацитет од околу 10% -15%, кој за една недела се предвидува да се зголеми на околу 40% од нивото пред кризата, изјавува Андреас Тостман, член на одборот на брендот VW, одговорен за производство, за Ројтерс.

„Рестартирањето на најголемата фабрика за автомобили во Европа после неколку недели застој е важен симбол за нашите вработени, нашите дилери, добавувачи, за германската економија и за Европа“, вели Тостман.

Volkswagen воспоставил дополнителни мерки за хигиена. На работниците им е кажано да ја мерат нивната температура и да пресоблекуваат во комбинезон дома, за да се спречат гужви во простории за пресоблекување во фабриката.
Дополнителни ознаки се поставени на подот на фабриката, така што работниците ќе можат подобро да се придржуваат кон правило за социјално растојание од 1,5 метри, а се обезбедува дополнително време за да можат вработените да ги дезинфицираат своите алатки и површини, соопштуваат од VW.

Volkswagen го започна производство на компоненти во Брауншваиг, Касел, Салзгитер и Хановер на почетокот на април и го продолжи производството на автомобили во Цвикау и Братислава на 20 април и во Хемниц на 23 април.

Оваа недела Volkswagen повторно ќе го започне производството во Португалија, Шпанија, Русија, Јужна Африка и Јужна Америка, а од 3 мај и во фабриката во Чатаноога во САД.

Од Volkswagen исто така соопштуваат дека околу 70% од неговите дилери во Германија се повторно отворени.