Најголемата македонска винарница Тиквеш изминатата 2024 година ги зголемила продажбите на домашниот пазар, но уште повеќе на странските пазари, при што успеала и да оствари и раст на профтабилноста.

Податоците од објaвениот неконсолидиран финансиски извештај за работењето покажуваат дека Тиквеш изминатата 2024 година остварил приходи од продажба од 58,4 милиони евра, што е зголемување за 15% во однос на приходите од продажба остварени во претходната 2023 година.
Зголемувањето на приходите се должи на зголемени приходи генерирани од домашниот пазар за 11% и од странските пазари за 18%.


Близу 56% од вкупните приходи од продажба во 2024 година  винарницата Тиквеш ги остварила од извоз, односно продажба на странски пазари, додека останатите 44% се приходи од продажби остварени на домашниот пазар.

Тиквеш, кој е најголем извозник на вино од Македонија, во 2024 месеци годинава има раст на извозот од 18%, остварувајќи близу 32,7 милиони евра. 
Продажбите на вино, пак, на домашниот пазар во истиот период изнесувале 25,8 милиони евра.

Зголемените административни трошоци за 8%, трошоци за продажба и маркетинг за 28% и останатите оперативни расходи за 48% резултираа со оперативна добивка во износ од 5,7 милиони денари (годишен раст od 4%) .

Нето добивката на компанијата лани изнесувала близи 4,5 милиони евра, раст од 3% во споредба со претходната 2023 година.