Економијата на САД растела со досега незабележано темпо од 33,1% во третиот квартал годинава , откако американските власти “истурија” финансиска поддршка од над три трилиони долари, што ја поттикна потрошувачката.
Ова е највисока стапка на економски раст откако властите почнале да го евидентираат овој податок или од 1947 година досега, покажуваат податоците од извештајот од американскиот Оддел за трговија.
Растот од 33,1% е во споредба со вториот квартал во 2020, кога американската економија имаше рекорден пад 31.4%. 2. Овие бројки се исто така прилагодени, односно еквивалентни на годишни нивоа на раст или т.н annualized rates, односно колку би бил растот за цела година ако таа квартална стапка продолжела цела година
Спoред Ројтерс, извештајот за БДП, една од последните големи економски статистички објавувања пред претседателските избори следната недела, ќе стори малку за да ја ублажи човечката трагедија, но и големите економски штети кои ги нанесе пандемијата на коронавирус, со десетици милиони Американци сè уште невработени и над 222.000 мртви.
И покрај високиот раст во третиот квартал, американската економија се уште е на ниво од околу 3,5% пониско од крајот на 2019 година, односно пред пандемијата
На пет дена до денот на изборите, претседателот Доналд Трамп, кој заостанува во повеќето анкети на јавното мислење, веројатно ќе ја искористи неверојатниот скок на БДП како знак на брзо закрепнување на американската економија.
Американската економија падна во рецесија во февруари. Владиниот пакет за спас обезбеди спас за многу деловни субјекти и невработени, но ја поттикна и потрошувачката, што го поттикнаа растот на БДП.
Но, финансирањето на владата е исцрпено, а на повидок нема договор за уште една рунда олеснување и помош.
Нови случаи на КОВИД-19 се зголемуваат низ целата земја, принудувајќи ограничувања на бизниси како ресторани и барови.Нешто повеќе од половина од изгубените 22,2 милиони работни места за време на пандемијата се вратени, но отпуштањата се уште траат.
Извор: Reuters