Компанијата Брако од Велес и нејзината фирма ќерка Грин Машинс (Green Machines) објавија дека возилото за урбана хигиена, моделот 636, е сертифицирано за меѓународен квалитет од страна на германскиот институт TUV, ,,TÜV SÜD INDUSTRIE SERVICE GMBH” од Минхен.
Возилото 636 на БРАКО е единствен производ од Македонија кој е сертифициран директно од TUV Германија и прв сертификат од TUV добиен откако БРАКО во 2019 година ја купи фабриката за возила Грин Машинс, која се наоѓаше во Шкотска и го префрли производството на возилата во Македонија.
Кочо Анѓушев, сопственик и директор на Брако вели дека е посебно горд што ова признание е резултат на тим од 20 млади македонски инженери
“Тим од 20 млади македонски инженери, од кои дел студираа во странство, па се вратија во Македониаја за да помогнат на овој проект, a дел се најдобри студенти на македонските технички факултети, развија четири модели на возила. Последна фаза од комерцијалниот живот на тие возила е сертификацијата во TUV Германија за да можат да бидат продавани на светските пазари. Со гордост можеме да изјавиме дека првото возило модел 636 кое е опремено со најсовремена електроника е веќе сертифицирано во Институтот TUV Германија”, вели Кочо Анѓушев, сопственик и директор на Брако.
Во Институтот TUV Германија се сертифицираат сите возила во светот од европските брендови. Со сертификатото кој го добиваат овие возила произведени во Брако добиваат можност да се продаваат во целиот свет како најкавлитетни возила.
Овие возила кој веќе добија сертификат се продадоа на светсктиот пазар, а првите возила беа испорачани во САД, Велика Британија, Шведска, Унгарија, Јужна Кореја, а сега се во фаза на подготовка и возила за други пазари.
“Возилата од брендот Грин Машинс, произведени во Брако се извезуваат во 53 земји во светот. Горди сме што тие се производи со највисока додадена вредност во нашата држава и производи кои продаваат висока технологија, а не само едноставни суровини и полупроизводи. Сметам дека тоа е излезот за македонската економја и ние како Брако ќе го дадеме тој пример. Посебно сме горди што ова го правиме во време на голема светска криза, во време на енергетска криза и војна во Украина и мислам дека е навистина големо постигнување на Брако, на тимот на млади македонски инженери на Брако, на сите вработени во Брако и Грин Машинс. Така ќе продолжиме и во следниот период. Следно е останатите три модели на возила да бидат сертифицирани, кои после тоа ќе го најдат својот пат до светските пазари”, вели Анѓушев.