Кои компании го движат македонскиот извоз и каде се новите можности за раст?

Специјализираниот портал ИзвозМК седма година по ред го подготвува специјалното годишно издание „ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2026“, кое ќе ги претстави најголемите македонски извозни компании, нивните деловни достигнувања и клучните предизвици што ја обликуваат иднината на македонската извозна економија.

Кои се најголемите извозници во Македонија? Кои индустрии го движат извозот? Колку македонските компании се конкурентни на меѓународните пазари и каде се нивните најголеми можности за раст? Одговорите на овие прашања ќе ги донесе новата специјална едиција „ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2026“, која ќе биде објавена на крајот на ноември 2026 година.

Во фокусот на изданието ќе биде рангирањето на 100-те најголеми извозници во Северна Македонија, според вредноста на извозот остварен во 2025 година.

Македонскиот извоз пред нови предизвици

Во услови на геополитичка неизвесност, промени во глобалната трговија, реструктуирање на европската индустрија и забрзан технолошки развој, новото издание ќе отвори низа прашања од стратешко значење за македонската економија.
Изданието ќе донесе и ексклузивни интервјуа со лидери на најголемите извозни компании, разговори со претставници на државни и финансиски институции, ставови на економски експерти, како и секторски анализи и рангирања.

По трет пат, во рамки на годишната едиција ќе биде објавен специјалниот прилог „Кој е кој во транспортниот и логистичкиот бизнис во Македонија“, со рангирање на водечките компании од секторот според остварените приходи во 2025 година.


Бидете дел од „ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2026“

Претставете ја Вашата компанија пред водечките извозници, деловната јавност и носителите на економски одлуки.

Специјалното годишно издание нуди можности за корпоративно претставување, интервјуа, ПР-содржини и рекламирање во печатеното издание, на порталот Извоз.МК и преку неговите профили на социјалните мрежи.

За информации и можности за соработка:
contact@izvoz.mk | marketing@izvoz.mk
Телефон: 070 401 162

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА „ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2026“