НАСКОРО:
Ексклузивна едиција „ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2026“
Моќта на извозот – најдоброто од македонската економија
Специјализираниот портал ИзвозМК ја најавува новата годишна едиција „ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2026“, посветена на компаниите што го движат македонскиот извоз и ја обликуваат економската иднина на земјата.
Целта на проектот „ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2026“ е да ги идентификува најуспешните извозни компании во земјава, да ги промовира нивните достигнувања и добри практики и да ја поттикне јавната свест и институционалната поддршка за извозот како клучен двигател на економскиот раст и општествениот развој
Како и досега, ќе биде објавено рангирање на 100-те најголеми извозници од Северна Македонија, според вредноста на извозот остварен во 2025 година — односно приходите од продажба на странски пазари.
Дополнително, годинава по трет пат ќе биде објавен тематскиот прилог:
„Кој е кој во логистичкиот и транспортниот бизнис во Македонија“, посветен на водечките компании во транспорт, логистика и шпедиција, рангирани според остварените приходи во 2025 година.
Што ќе содржи годинешната едиција?
Во „ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2026“ ќе бидат обединети ставовите и идеите на најголемите извозни компании, државни институции и економски експерти за тоа како да се надминат предизвиците и да се искористат глобалните можности кои стојат пред македонските извозни компании во период на неизвесност и геополитички конфликти, големи и комплексни промени во глобалната трговија и брз технолошки развој.
Темите ќе опфатат:
- Кој навистина го движи македонскиот извоз?
Македонски извоз или извоз од Македонија? - АНКЕТА:
Што бараат најголемите македонски извозници од државата? - Македонија е премногу зависна од Европа и Германија?
Кои пазари можат да бидат следната голема можност за македонските компании? - Автомобилската индустрија на пресврт:
Што значи германското реструктуирање за македонските извозници? - Зошто Македонија не извезува повеќе храна?
„Од нива до бренд: Каде Македонија ја губи додадената вредност? - Металната индустрија во новата трговска реалност на ЕУ
Помали квоти, царини од 50%, CBAM и скапа енергија – може ли македонскиот извоз да остане конкурентен? - Извоз на услуги
Може ли извозот на услуги да стане вториот мотор на македонската економија? - Македонскиот извоз во 2035
Кои индустрии ќе растат? Како AI и автоматизацијата ќе го менуваат производството? Кои нови пазари ќе станат важни?
Во новата едиција ќе бидат вклучени и интервјуа со лидери на водечките извозни компании, разговори со претставници од финансиски и државни институции, колумни и мислења од релевантни економски експерти, детални секторски анализи за водечките македонски извозни индустрии и рангирања на најголемите извозни компании во секоја индустрија.
Бидете дел од највлијателната економска публикација во Македонија!
Специјалната годишна едиција „ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ“, по седми пат ќе ги обедини најуспешните извозни компании, клучните институции и водечките експерти — со ексклузивни интервјуа, секторски анализи и стратегии за глобален настап.
Едицијата ќе се објави на крајот на ноември 2025 година, во висококвалитетно печатено издание, кое се дистрибуира до државни институции, бизнис комори, амбасади и донесувачи на одлуки.
Промовирајте го вашиот корпоративен бренд пред таргетирана бизнис публика и зголемете ја видливоста меѓу врвните одлучувачи.
Резервирајте простор и одберете некој од опциите за претставување: профил на компанија, ПР објава, визуелно претставување на брендот или интервју во во едицијата, како и промоција на специјализираната платформа ИзвозМК и социјалните мрежи.
За повеќе информации за можностите за комерцијално претставување контактирајте нè на:
📧 marketing@izvoz.mk и contact@izvoz.mk или на телефонскиот број 📞 070 401 162.









