Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемуваат за 2,00 денара по литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС остануваат непроменети, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 80,50 денари, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 82,50 денари за литар.
“Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,835% или за 30,050 $/тон, кај дизелот зголемувањето е во просек за 0,204 или за 1,400 $/тон, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 0,388% или за 2,550
$/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,403% или за 6,300 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 56,9389 ден/$ и е за околу 0,54% повисок од курсот на доларот (56,6328 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка“, објаснуваат од Регулаторна.