Бесник Исаки, директорот на компанијата БЕ-ДА Логистик е добитник на престижната награда Business Elite “40 under 40” за бизнисмен со голема визија и извондреден претприемачки дух на настан кој минатата недела се одржа во Истанбул.
Наградени беа 40 успешни претприемачи и менаџери од Југоисточна Европа кои се на возраст до 40 години, кои се визионери и иноватори во областа во која работат и кои преку својата работа даваат назад кон својата заедница и земјата.
Оваа награда е големо признание за визијата и напорната работа на Бесник Исаки во развојот на компанијата БЕ-ДА Логистик, која во изминатите 10 години успешно и безбедно обезбедува логистички и транспортни услуги за македонските фирми, но и за фирмите од регионот и европскиот пазар.
“Да се биде препознаен за својата работа и да се добие можноста да се пронајдеш во друштво на трудољубливи и успешни бизнисмени е голема чест. Се надевам дека мојата работа ќе биде инспирација, мотивација и доказ дека ништо не е невозможно доколку работиш напорно за да стигнеш до целта”,  изјави Исаки по добивањето на наградата Business Elite “40 under 40”.
Оваа награда, вели Исаки, за него е поттик да продолжи да работи на развојот на фирмата со цел да обезбедат поквалитетни транспортни и логистички услуги за клиентите согласно најновите трендови во индустријата.
Бесник Исаки е на чело на компанијата БЕ-ДА Логистик уште од нејзините почетоци пред 10 години. Под раководство на Исаки, компанијата БЕ-ДА Логистик покрај подружницата во Скопје, отвори и две нови подружници во Драч,Албанија и во Приштина, Косово.
Наградите на „Business Elite’s Awards, кој се заштитен знак на Global Brand Awards, се основани во 1985 година во Торонто, Канада со цел да го препознаат и наградат трудот на извонредни претприемачи и бизнис лидери, со мисија за проширување и зголемување на деловните можности и меѓународни соработки помеѓу бизнисите.