ИНТЕРВЈУ

БОЈАН СТАНОЕВСКИ, управител на Карго-партнер Логистикс

Од 4-ти јануари годинава cargo-partner официјално e членка на јапонската Nippon Express Group. Процесот на трансформација е во полн ек и носи дополнителна полза за двете компании. Бојан Станоевски во интервју за едицијата Топ 100 Извозници зборува какви промени носи спојувањето за cargo-partner канцеларијата во Северна Македонија и кои се придобивките за клиентите.


Nippon Express е сопственик на cargo-partner почнувајќи од оваа година, па оттука се наметнува прашањето на самата интеграција на cargo-partner во Јапонската групација?

Станоевски: Од 4-ти јануари оваа година официјално сме членка на  Nippon Express Group. Процесот на трансформација е во полн ек и носи дополнителна полза за двете компании. Со вклучувањето на cargo-partner во NX групацијата се подобрува глобалната застапеност, го олеснува пристапот до капитал за раст и вклучува транспарентност и ефикасност на нашите процеси. Проектите што ги развиваме заедно се засноваат на взаемна експертиза и поддршка. Цврсто верувам дека со пристапот “we take it personally” ќе го најдеме вистинскиот пат. Со успешната деловна соработка двете компании одлично се вклопија.

Како се чувствуваат сопственичките промени во Северна Македонија и какви промени се предвидуваат во иднина?

Станоевски: cargo-partner канцеларијата во Северна Македонија нема да има промени бидејќи е релативно нова, поточно од 2020 година, а целосно оперативна од aприл 2021 година, сепак за овие години со упорна работа и одличен тим од  искусни вработени, успеа да покрие солиден дел од домашниот пазар.
Во деловен контекст веќе почнавме да соработуваме со различни компании на NX Group низ светот.

Во секој случај, нашите очекувања за во иднина се високи што се однесува за Северна Македонија, бидејќи Nippon Express ја гледа близината на нашата земја со пристаништата во Солун и Пиреја во Грција, Драч во Албанија, како и не толку големата оддалеченост од пристаништата во Копер во Словенија и Риека во Хрватска, тука пред сѐ се мисли на одличната географска положба на нашата земја, странските инвестиции во развојните зони што значи пристап на странските компании и нивната потреба од транспорт и логистика што преставува отворена врата за развој на бизнисот во овој дел на Европа. Истовремено, тие покажаа и значителен интерес и поддршка за нашиот понатамошен раст, особено во услугите каде ние, како локална канцеларија не бевме досега фокусирани.

Јапонските купувачи се избрани токму затоа што имаат сосема различнo портфолио на клиенти. Конкретно, каква е синергијата?

Станоевски: Нашиот нов сопственик, како најголем давател на логистички услуги на домашниот јапонски пазар, во своето портфолио има голем број меѓународни jапонски корпорации. Сепак, ова се уште не влијае во голема мера на нашиот бизнис. Двете организации првенствено имаат корист од значајните заеднички делувања во областа на глобалното покривање на канцелариите, проширено портфолио на услуги, подобрено регионално знаење за производи и ИТ, поголема приспособливост и други области.
NX Group ја користи нашата силна и обемна мрежа во Централна и Источна Европа, која идеално ја надополнува веќе постоечката NX мрежа, додека cargo-partner постигна значителен напредок на трговските патишта во Азија и преку Тихиот Океан.
Соработката е особено интересна во областа на договорните логистички услуги, каде NX Group е повеќе од десет пати поголем од cargo-partner во Азија и САД, додека cargo-partner е многу поголем во Централна и Источна Европа.

Нашите очекувања за во иднина се високи што се однесува за Северна Македонија, бидејќи Nippon Express ја гледа близината на нашата земја со пристаништата во Солун и Пиреја во Грција, Драч во Албанија, како и не толку големата оддалеченост од пристаништата во Копер во Словенија и Риека во Хрватска, тука пред сѐ се мисли на одличната географска положба на нашата земја, странските инвестиции во развојните зони што значи пристап на странските компании и нивната потреба од транспорт и логистика што преставува отворена врата за развој на бизнисот во овој дел на Европа“.

Какви очекувања има  Nippon Express од компанијата и која стратешка цел ја следи групацијата на европскиот пазар?

Станоевски: Кога ги разгледувавме европските регулативи, идентификувавме значителни можности за раст во секторот на патниот транспорт, така што ова ќе биде клучна точка на нашите идни иницијативи. Двете компании имаат многу силен фокус на воздушниот и поморскиот товар, развивајќи слични специјализации на одредени пазари на производи како што се автомобилската индустрија, електрониката, фармацевтските производи и здравствената заштита. Во оваа област може да се реализира заедничкото дејствување со  NX Group.

Друга предност на силната мрежа на cargo-partner во Централна и Источна Европа е пристапот до пристаништата на Јадранот и Егејот. Поморскиот транспорт од Азија преку овие пристаништа може значително да го скрати времето на испорака, особено за испорака во Централна и Источна Европа како и јужна Германија. Времето на транзит во нормални околности од азиските пристаништа до Солун, Пиреја, Копер, Риека и Трст завршува во просек од 5 до 8 дена помалку отколку до пристаништата во Северното Море, како Хамбург или Бремерхавен.

Во последно време сѐ повеќе се дава простор за дискусија на темата “зелена логистика”. Кои чекори ги презема  cargo-partner кон одржливоста?

Станоевски: Одржливоста е клучен дел од нашиот бизнис, каде што се стремиме да ги намалиме влијанијата врз животната средина. Во согласност со нашиот пристап “we take it personally“ на корпорациско ниво поставивме амбициозни цели за намалување на нашиот јаглероден отпечаток и транзиција кон еколошките технологии. Активно се промовира употреба на одржливи транспортни алтернативи, што се рефлектира врз зголемувањето на железничкиот транспорт и употребата на електрични камиони за испорака.
На локално ниво, како канцеларија, наидуваме на одредени потешкотии на оваа тема во следење на корпорациските трендови, пред сѐ заради начинот на работење во нашата земја, свеста по ова прашање, културата, локалните закони и слично.
Да се осврнам на неколку интересни факти за cargo-partner, центарот iLogistics  во Фишаменд со својата дрвена конструкција и 100% зелена енергија придонесува за намалување на емисиите за 8.400 тони CO₂. Дигитализацијата дополнително ја намали потрошувачката на хартија, особено со воведувањето на платформата CargoWise One. Ние исто така нудиме карго летови за одржливо воздухопловно гориво (SAF) кои ги намалуваат емисиите на CO₂ за најмалку 80%.

За која од вашите услуги најмногу расте побарувачката, а во која опаѓа?

Станоевски: Побарувачката за услуги за складирање е во постојан раст, но имајќи ги капацитетите на локалниот пазар ние внимателно планираме како да одговориме во овој дел со соодветно висококвалитетна услуга.
За други производи, тешко е да се зборува за раст или пад на побарувачката, факт е дека флуктациите се случуваат месечно (без разлика на сезоната) и се во согласност со очекувањата.

Што значи за вас големото зголемување на цените за испорака?

Станоевски: Нивото на транспортните цени остана високо уште од пандемијата, што носи поголеми предизвици за нас како давател на логистичките и транспортни услуги. Постојаните промени на цените бараат брзо прилагодување, изнаоѓање на оптимални транспортни рути по најповолни трошоци и зголемени информации и координација и со добавувачите и, но пред сѐ, со клиентите. Потребно е да се финансираат и повисоките трошоци, што претставува поголем товар, особено за помалите даватели на услуги.
Вообичаено, високите цени на товарот укажуваат на целосно зафаќање на бродови и пренатрупани пристаништа, што го отежнува транспортот на контејнерите навреме, а со тоа и навремената испорака. Сепак, во моментов забележуваме тренд на намалување на цените за поморски транспорт.

Кога очекувате да се стабилизираат цените и каков совет имате за вашите клиенти кои имаат избор-на пример помеѓу воздушен, бродски и железнички транспорт од Кина до Европа?

Станоевски: За железничкиот транспорт од Азија за Европа, секогаш постои интерес, иако се работи за повисоки цени, сепак во моментов го оправдува времето за транзит. Во последните месеци поморскиот превоз (преку Јужна Африка), а особено воздушниот простор од Азија беше релативно сигурен и, во најголем дел, нема големи доцнења.
Како што веќе напоменав, цените за бродски превоз се во надолен тренд, но да имаме во предвид дека се приближуваме до високата сезона, која во моментов се уште не знаеме како ќе влијае на цените.
Тука се и случувањата на Блискиот Исток, кој во последно време с$ повеќе се разгоруваат, а тоа може да доведе до одредено влијание на цените, ако го земеме во предвид фактот што се случуваше во овој дел минатата есен со започнување на конфликтите.

Дали би истакнале некој интересен проект за оваа година, или можеби годината која следи?

Станоевски: Накратко само ќе истакнам за минатата година и нашето преселување во нови, поголеми канцеларии како резултат на зголемувањето на бројот на вработените и потребата да бидеме поблиску до терминалите, а со тоа и нудење на услугата за царинско застапување. Од оваа година започнавме со имплементација на ISO, иако морам да нагласам дека поголемиот број на канцеларии, вклучувајќи го и седиштето во Фишаменд, веќе поседуваат повеќе ISO сертификати за квалитет во работењето. Исто така се сертифицираме на ниво на канцеларија со IATA, сертификат во авио превозот, со што сето ова покажува колкав е интересот за професионален развој и унапредување.

Колкави приходи очекува канцеларијата  на  cargo-partner во Северна Македонија оваа и следната година?

Станоевски: Во моментов бележиме раст на приходите, што значи дека сме на пат да постигнеме двојно повеќе промет оваа година во споредба со претходната. Буџетот за следната година е во тек и уште не е финализиран, но нашиот план дефинитивно ќе биде да го надминеме овогодишниот резултат.